Македонија
Средба Груевски – Сорос во Прага
Премиерот Никола Груевски денеска во Прага се сретна со основачот и претседавачот на Фондациите отворено општество, Џорџ Сорос, информираат од владата на маргините на 20-тата средба на Меѓународното раководно тело на која Македонија од Чешка го презеде претседавањето со Декадата на Ромите.
Премиерот Никола Груевски денеска во Прага се сретна со основачот и претседавачот на Фондациите отворено општество, Џорџ Сорос, информираат од владата на маргините на 20-тата средба на Меѓународното раководно тело на која Македонија од Чешка го презеде претседавањето со Декадата на Ромите.На средбата, како што се соопштува, станало збор за активностите што Македонија ги превзема во однос на социјалната инклузија на ромската популација, вклучувајќи ги областите образование, домување, вработување и здравство. Од страна на Сорос била понудена поддршка за земјата за полесен и побрз пристап до фондовите на Европската Унија предвидени за социјална инклузија на Ромите и генерално за спроведување на активностите предвидени со декадата. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска, поради промена на вентил на кеј 13 Ноември бб – објект на Комерцијална банка, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата 13 Ноември, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 9 часот, па сè до завршување на работата.
Македонија
Мециновиќ: Додека претседателката зборува за топење на глечери, граѓаните се гушат од загаден воздух
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, на денешната прес-конференција по годишното обраќање на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека во нејзиниот говор изостана визија за реалната состојба во државата. Тој истакна дека наместо анализа на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните, обраќањето беше сведено на флоскули и претставување на владината агенда на ДПМНЕ, а не на политичка слика што ги опфаќа сите граѓани во Република Македонија.
Мециновиќ нагласи дека во говорот на Давкова сосема изостана осврт кон уништувањето на реките, загадувањето на воздухот и системското разорување на животната средина, што претставува политичка порака дека загадувањето, зголемените заболувања, доминацијата на интересите на крупниот капитал над здравјето на граѓаните се прифатливи и нормализирани.
Тој сублимираше дека ова претставува морална мапа за ургентните прашања, и дека сведочиме на апстрактни говори за стабилност и глобални климатски промени, преку кои всушност се избегнува соочување со конкретните причинители и одговорности кај нас. Таквиот пристап, како што велат од партијата, ја штити нерегулираната индустрија и интересите на крупниот капитал, а штетата по граѓаните се третира како колатерална и неизбежна.
Додаваат дека, иронично, зад говорите за енергетска независност истовремено застана реалноста на поскапена струја и продлабочена енергетска сиромаштија, што повторно покажува отсуство на приоритети насочени кон граѓаните. Затоа, пратеникот од Левица најави и итна законска интервенција како одговор на енергетската криза во која државата веќе се наоѓа.
Од Кабинетот на претседателката посочија дека во нејзиниот говор воопшто не се спомнати глечери, како што наведува Мециновиќ, и дека говорот содржеше повеќе теми поврзани со екологијата.
Македонија
СДСМ: Кризна состојба за покривање на криминалните тендери
Криминални политики со тендери и неспособност во енергетиката се двете единствени причини поради која сите граѓани на Македонија ќе плаќаат поскапа струја и поради што се воведува кризна состојба, велат од СДСМ преку соопштение.
„За само година и половина владата на Мицкоски ја доведе најголемата државна енергетска компанија ЕСМ до финансиски и производствен колапс.
Оваа година има историски најниско производство на домашна струја, нема ниту 3.000 GWh од планирани 5.100 GWh. Катастрофално лошо.
За да се надминат овие загуби власта купува скапа струја од увоз, за многу повисоки цени отколку што би било ЕСМ да ја произведува дома.
Колку тоа ги чини граѓаните? 77 милиони евра е официјална загуба за само првите два квартали од 2025 години, со проекција од над 100 милиони евра загуба до крајот на 2025 година.
Дополнително, над 110 милиони евра ЕСМ има земено нови кредити за само 18 месеци. Тоа се над 200 милиони евра!
Дали сега е јасно?
Ова не е „надворешна криза“ и нема врска со протестите во Грција.
Ова е внатрешно предизвикана катастрофа, резултат на криминални тендери, скап увоз на струја и неспособност на власта на Мицкоски.
КЛУЧНОТО ПРАШАЊЕ Е: ЗОШТО НАВРЕМЕ НЕ СЕ ОБЕЗБЕДЕНИ ЕНЕРГЕНСИ?
Зошто во сред зима нема најмалку 300.000 тони јаглен на депонија, како основен услов за сигурно зимско производство? Зошто мазутот не е набавен навреме, туку сега панично се бара решение? Прашуваме: Дали постои веќе избрана фирма за снабдување со мазут?
Затоа се прогласува кризна состојба и затоа власта удри по џебот на граѓаните. Нема пари, има буџетска дупка од 1 милијарда евра, но не се откажува од криминалните тендери и скапот увоз на струја, а сега и на мазут.
Сметката за ова на крај ја плаќа народот, сите граѓани на Македонија!“, се додава во партиското соопштение.

