Македонија
ОМД ги награди Рикер, Хил, Атанасовски и Фридман

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) викендов во хотелот Мериот во Вашингтон ги додели наградите за пријателство на истакнати лица од САД и дијаспората, пренесе Гласот на Америка.
Обединетата македонска дијаспора (ОМД) викендов во хотелот Мериот во Вашингтон ги додели наградите за пријателство на истакнати лица од САД и дијаспората, пренесе Гласот на Америка.Наградите за пријателство на ОМД ги добија американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер, поранешниот амбасадор Кристофер Хил, еден од најпознатите иселеници Џорџ Атанасовски и професорот Виктор Фридман.Амбасадорот Рикер поради презафатеност не можеше да присуствува на доделувањето, но затоа се обрати преку видео-снимка.Со овации беше проследено наградувањето на професорот Виктор Фридман, кој над 40 години работи на проучување и промоција на македонскиот јазик во академскиот свет. За пријателство со Македонија беше почестен и поранешниот амбасадор во Македонија Кристофер Хил. “За земја која има толку многу проблеми, но и толку многу пријатели во нашата земја, таа стана дел од она што го размислуваме и чиниме на Балканот“, рече Хил. На свеченоста присуствуваше и македонскиот амбасадор Зоран Јолевски, кој ги акцентираше владините реформи за деловна промоција, со почитување на стандардите на ЕУ. /крај/воа/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Првиот ден од септември ќе биде сончев со мала облачност

Првиот ден од септември, како и неделата, ќе биде сончев со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХРМ).
Минималните утрински температури ќе се движат од 8°C во Маврово до 18°C во Гевгелија, додека максималните дневни ќе достигнат од 24°C до дури 34°C во Скопје.
Во главниот град утре се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Температурата ќе се движи од 18°C во утринските часови до максимални 34°C во текот на денот.
Од вторник, метеоролозите најавуваат уште потопло време – сончево со мала до умерена локална облачност и температури кои ќе се движат од 30°C до 37°C.
Во среда пак ќе настапи промена – времето ќе биде променливо облачно, со слаб до умерен западен ветер. Попладне на повеќе места ќе има појава на пороен дожд и грмежи. Температурите ќе се движат меѓу 29°C и 36°C.
Македонија
Се врати во функција бројот 192 на МВР

Отстранети се техничките проблеми и повторно е во функција телефонскиот број 192, кој граѓаните на Скопје можат да го користат за било каква пријава или информација, информира Секторот за внатрешни работи Скопје.
За истата намена, како што велат, редовно функционира и телефонскиот број 112, како и телефонските броеви на полициските станици во населбите каде граѓаните живеат.
Македонија
Пожарот во Вардариште е под контрола, дел по дел Скопје добива струја

Пожарот во депонијата Вардариште е ставен под целосна контрола, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.
Поради големиот пожар повеќе населби во Скопје беа без електрична енергија, а од ДЗС информираат дека набргу дел по дел, ќе биде пуштена електричната енергија.