Македонија
МВР би помогнала за расветлување на случаите поврзани со Мартин Нешковски
МВР стои на располагање да помогне во расветлувањето на случаите поврзани со убиениот Мартин Нешковски, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
МВР стои на располагање да помогне во расветлувањето на случаите поврзани со убиениот Мартин Нешковски, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, по тврдењето на неговиот брат во јавноста дека Мартин добивал закани лажно да сведочи во суд за случај во кој бил инволвиран осомничениот за неговото убиство, тигарот Игор Спасов.Според Јанкулоска, секоја изјава заслужува соодветна анализа, но вели дека МВР не е институцијата која може да отвори судска постапка. „Таква надлежност имаат странките. Доколку која и да е од инволвираните страни побара каква и да е асистенција, помош и информација од МВР, ние целосно стоиме на располагање доколку е можно да се даде ново светло да кој и да е случај каде што постапката би се повторила“, рече Јанкуловска. Во однос на мотивите што доведоа до инцидентот ноќта меѓу 5-ти и 6-ти јуни, Јанкулоска со став – истрагата ќе утврди кои биле мотивите за нападот врз Нешковски.„Јас навистина не би сакала да шпекулирам, бидејќи, како што повеќе пати истакнав, лицето кое се сомничи за сторено кривично дело убиство во предистражна постапка одби да говори за мотивите, односно одбра да се брани со молчење. Верувам дека во текот на истражната постапка постои можност ова да се смени, односно лицето да даде исказ, што би дало едно ново светло на случајот, односно би можело да ја води истрагата во насока на утврдување на мотивите, што секако може да значи нешто ново и постапките. Јас не би сакала да се доведам во ситуација да одговарам на хипотетички прашања и да шпекулирам“, рече Јанкуловска. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

