Македонија
Јанкулоска: МВР навреме ги достави доказите за случајот Бошкоски
МВР навреме ги достави сите докази поврзани со случајот на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, изјави министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на прашањето зошто обвинителството не презентира никакви докази во овој случај.
МВР навреме ги достави сите докази поврзани со случајот на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, изјави министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на прашањето зошто обвинителството не презентира никакви докази во овој случај.Таа побара, согласно надлежноста, оваа работа да им биде препуштена на обвинителството и истражниот судија, и нагласи дека доколку од полицијата биде побарани дополнителни дејствија, тие стојат целосно на располагање. „МВР во многу кусо време ги достави сите материјали врз основа на кои се темели сомневањето за сторено кривично дело и навистина не можам во име на некој друг да одговарам зошто и дали се презентирани или не се презентирани доказите. Сепак, мислам дека тоа треба да му го оставиме на обвинителството и на истражниот судија. Она што беше во наша надлежност е завршено веднаш, ургентно се препратени материјалите. Ако биде побарано да извршиме некои дополнителни дејствија, повторно стоиме целосно на располагање, бидејќи наш интерес е сите постапки да се завршат колку што е можно побрзо, за да се избегнат евентуални шпекулации во јавноста“, рече Јанкулоска.Бошкоски беше уапсен на 6-ти јуни, ден по завршувањето на предвремените парламентарни избори, поради сомнение за нелегално финансирање на изборната кампања на неговата партија. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Агресивен карцином кај 10 годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.
Македонија
Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар за состојбата со Иран
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека била реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност.
– Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето. Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет, се наведува во соопштението.
Македонија
Почина хирургот и професор Владо Јаневски
По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст, денеска почина познатиот хирург, професор и доктор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Јаневски важеше за истакнат медицински професионалец кој зад себе остави значаен придонес во хирургијата и медицинската едукација. Во текот на својата кариера, своето знаење и искуство ги пренесе на бројни лекари и хирурзи, кои денес работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и во приватните здравствени установи.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 1 март, во 11:00 часот, во капелата во Бутел.

