Македонија
Заврши проектот на УСАИД за судските реформи
Судските реформи се од клучна важност за економскиот и демократскиот развој на Македонија, но исто така и за обезбедување пристап кон навремена и непристрасна правда за сите граѓани на оваа држава“, рече директорот на
Судските реформи се од клучна важност за економскиот и демократскиот развој на Македонија, но исто така и за обезбедување пристап кон навремена и непристрасна правда за сите граѓани на оваа држава“, рече директорот на мисијата на УСАИД Роберт Вурц по повод завршувањето на проектот за спроведување на судските реформи.
Најзначајните резултати на проектот вклучуваат, воведување систем за автоматско управување со судските предмети во сите 33 судови во Македонија, обука на 2.300 корисници на системот и донација на 560 компјутери и други технолошки подобрувања на инфраструктурата на судовите.
Проектот вклучи и опремување на 80 судници со системи за тонско снимања на судките расправи, намалување на заостатокот од нерешени предмети постари од три години во судовите од Битолското апелационо подрачје за 64 отсто.
Меѓу другото во рамките на проектот е донесен и првиот Етички кодекс и Програма за обука на вработените во судската служба.
Проектот траеше четири години, а чинеше 6,2 милиони евра./крај/со/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

