Македонија
Фридман: Нема спор, има само дрскост на Грција
Плени со насмевката, но и со извонредното познавање на македонскиот – реномираниот славист Виктор Фридман, кого Гласот на Америка на македонски го интервјуираше
Плени со насмевката, но и со извонредното познавање на македонскиот – реномираниот славист Виктор Фридман, кого Гласот на Америка на македонски го интервјуираше при добивањето на наградата за пријателство на Глобалната конференција на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), смета дека нема спор околу името. Додека грчката влада инсистира на решение со едно име, со географска одредница и за севкупна употреба, професорот од Универзитетот на Чикаго на прашањето гледа од јазичен аспект и смета дека македонскиот воопшто не треба да биде предмет на преговорите.„Апсолутно не. Дури и самиот Нимиц знае дека нема легална, законска основа за таканаречен спор. Нема спор. Има само дрскост на Грција“, вели Фридман. Славистот наведува дека наградата на ОМД особено му значи, затоа што по првпат добива едно признание од дијаспората. Оценува дека иселениците се многу поорганизирани од порано. „Мислам дека дијаспората е многу важна, затоа што треба да уважиме дека Македонија постои во една средина каде што нејзините синови и ќерки во странство треба да и` помогнат“, коментира Фридман. крај/воа/ва
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Штрајк на земјоделците ја блокира грчката страна на граничниот премин Дојран
Сообраќајот на граничниот премин Дојран од грчка страна денеска е блокиран од 10.30 до 12.30 часот поради штрајк на земјоделците, соопштија надлежните служби.
Прекинот важи за сите видови возила.
Македонија
Се вклучија камерите во Скопје, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена
Камерите поставени на сообраќајниците низ Скопје од денеска ќе снимаат, а возачите кои ќе направат прекршок ќе добијат опомена, а од 1 јануари ќе се казнува.
„Сторителите на прекршоци кои ќе бидат документирани преку системот Безбеден град ќе бидат санкционирани согласно одредба која ја регулира најголемата дозволена брзина на движење на возилата, односно нема да има толеранција без разлика дали ќе се документира прекршок во населено место или надвор од населено место. Во почетниот период ќе се евидентираат сообраќајните прекршоци како: управување на возило со брзина поголема дозволената, минување на црвено светло, изминат рок на важност на сообраќајна дозвола и непрописно паркирани возила, а во следната фаза од проектот планирано е проширување на видот на сообраќајните прекршоци што ќе ги регистрира електронскиот систем“, информира МВР.
За прекршоците кои ќе бидат документирани преку системот Безбеден град, на сопственикот на возилото со кое е констатиран сообраќаен прекршок, МВР ќе му достави СМС порака на мобилен телефон и на електронска адреса (податоци кои сопственикот на возилото ги дал при регистрација на истото) со линк за преземање на Записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог.
Доколку сторителот ја прифаќа одговорноста за сторениот прекршок во рок од осум дена од денот на приемот на записникот за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог ќе плати половина од изречената глоба, ако истекол рокот од осум дена за да плати половина од изречената глоба, ќе може да го плати целиот износ на изречената глоба, најдоцна во рок од осум дена по истекот на рокот за плаќање на половина од изречената глоба, а пред постапката за извршување. Кога ќе заврши со плаќање на изречената глоба во дадените рокови не се плаќаат трошоци на целокупната постапка.
Странец, како и државјанин на Република Северна Македонија кој што со заминувањето заради престој во странство би можел да го одбегне плаќањето на глобата, е должен веднаш, а најдоцна во рок од осум дена од денот на приемот на записникот за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог да ја плати изречената глоба. Ако сторителот не ја платил глобата МВР ќе ја достави до органот надлежен за присилна наплата.
За прекршок за кој покрај глобата е предвидена и санкцијата забрана за управување со моторно возило и ако сторителот ја платил глобата во предвидените рокови, и за прекршок престанок за важење на возачка дозвола, МВР ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка до надлежен суд.
Глобите ќе може да се платат електронски преку линк кои сторителот на прекршокот ќе го добие со известувањето. Во овие случаи потребно е во уплатница автоматски да биде внесен бројот на записникот за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог и износот на глобата изразена во денари.
Во овие случаи МВР веднаш електронски добива известување дека глобата е платена.
Инаку, од денеска 01.12.2025 година, започна пробниот период каде сторителите ќе добиваат известување за сторениот сообраќаен прекршок.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 97 возила во Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 24.11. до 30.11.2025 година, со помош на специјалните возила „пајак“ отстранија 97 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, велат од ПОЦ.

