Македонија
СДСМ: Антикорупциска да го разгледа скандалот за бланко оставки и меници
СДСМ денеска побара Антикорупциска комисија да ги разгледа наводите дека лојалноста на пратениците премиерот Никола Груевски ја обезбедувал со бланко оставки и меници во вредност од 300 до 600 илјади евра.
СДСМ денеска побара Антикорупциска комисија да ги разгледа наводите дека лојалноста на пратениците премиерот Никола Груевски ја обезбедувал со бланко оставки и меници во вредност од 300 до 600 илјади евра.
„Коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Павле Трајанов јавно призна дека лојалноста на пратениците на владејачката коалиција Груевски ја обезбедува со бланко оставки и меници во вредност од 300 до 600 илјади евра. Еве како Груевски ја подразбира демократијата. Ако тој вака ги уценува сопствените пратеници тогаш што може да очекуваат граѓаните. Очигледно е дека, ни оваа пратеничка група на ДПМНЕ нема да смее да мисли со сопствена глава, туку ќе треба да ги слуша единствено наредбите на својот шеф Груевски“, рече на денешната прес-конференција заменик портпаролот на СДСМ, Калинка Сентиќ-Габер.
Според неа Собранието нема да може да ја има вистинската улога на коректив на извршната власт.
Таа рече дека Павле Трајанов го оправдува овој мега скандал со образложение дека овие цифри ВМРО-ДПМНЕ ги има потрошено во кампањата за избор на еден пратеник во зависност од местото на изборната листа.
„Ако се земе предвид понискиот износ од 300 илјади евра, тогаш излегува дека ДПМНЕ за своите 56 пратеници, во оваа кампања има потрошено цели 16 милиони и 800 илјади евра. Дали ова значи дека Груевски доставил комплетно фингиран финансиски извештај за изборната кампања на ДПМНЕ?“, прашува Габер.
СДСМ очекува ВМРО- ДПМНЕ јавно да се произнесе дали се точни наводите на нивниот коалиционен партнер./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

