Македонија
Стапува на сила летниот режим на сообраќај во стариот дел на градот
Според Одлуката на Советот на општина Охрид, во периодот од 4 јули до 31 август 2011 година , во стариот дел на градот ќе се применува летен режим на одвивање на сообраќајот.
Според Одлуката на Советот на општина Охрид, во периодот од 4 јули до 31 август 2011 година , во стариот дел на градот ќе се применува летен режим на одвивање на сообраќајот. На улиците „ Илинденска“ , „ Коста Абраш“ и „ Цар Самоил“ во периодот од 5 до 20 часот , ќе може да сообраќаат возила само со специјални пропусници, а од 20 до 5 часот ќе има целосна забрана за сообраќај. На улиците „ Илинденска“ , „ Коста Абраш“ , „ Цар Самоил“ , „ Кочо Рацин“ и просторот околу црквата „ Света Софија“ се забранува запирање и паркирање на сите моторни возила.Граѓаните од овој дел на градот бесплатно за паркирање на возилата можат да го користат просторот пред „ Горна порта“. На улицата „ Кирил и Методиј“ , во периодот на летниот режим на сообраќај, односно од 4 јули до 31 август, во времето 05 до 20 часот ќе се одвива двонасочен сообраќај, а од 20 до 05 часот ќе се одвива еднонасочен сообраќај во насока кон „ Горна порта“.Локалната самоуправа очекува дека граѓаните ќе го почитуваат летниот режим на сообраќај за стариот дел на градот, зошто со тоа ќе придонесат за подобра организација и престој на гостите за време на главната туристичка сезона. крај/охридњуз/к.с.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДПМНЕ пак дели тендери, фирмата на Нефи Усеини дел од колачот вреден 3 милиони евра, велат од СДСМ
Мицкоски и ДПМНЕ сите тендери ги собраа за себе, па почна да ги раздаваат. Фирмата на контроверзниот Нефи Усеини од Охрид, кадар на ДУИ, добила дел од тендерот вреден 3 милиони евра од Македонија пат, за зимско одржување патишта, истакнуваат од СДСМ.
„Додека секој ден зборуваат за ДУИ пред граѓаните зад грбот им делат тендери.
Никој не може да добие тендер без одобрение на Мицкоски и ДПМНЕ.
Владата на Мицкоски нема пари за земјоделците, нема за сточарите, им ги нема исплатено ниту субвенциите. Но затоа за криминални тендери мора да има пари“.
Дури и парите од ИПАРД 3 програмата, како што додаваат од опозициската партија, посегнаа да ги крадат, по што ЕУ ја суспендираше програмата вредна 130 милиони евра поради корупција.
Прашуваат, дали земјоделците имаат разбирање за ваквото однесување на ДПМНЕ.
Македонија
Утре променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини
Утре променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите ќе преминуваат во снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3 , а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Под влијание на влажни воздушни бранови во среда и четврток ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 л/м2 за 24 часа). На планините врнежите ќе бидат од снег при што ќе се формира снежна покривка од 5 до 10 см. Поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Од петок ќе има стабилизирање на времето.
Македонија
Гаши-Спиропали: Албанија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во европските процеси се до конечно надминување на сите потешкотии
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со министерката за надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали.
Гаши констатираше дека двете држави градат одлични билтерални односи, со интензивен политички дијалог и соработка во значителен број области од заемен интерес. Тој истакна дека се радува на прогресот што Албанија го има при процесот на приближување кон Европската унија и отворање на сите преговарачки кластери согласно новата методологија на ЕУ.
Спиропали истакна дека иако Албанија веќе преговара за членство во Европската Унија, смета дека и останатите држави од Западниот Балкан треба да ја следат и процесот на проширивање треба да продолжи затоа што носи голема трансформација во сите општества на земјите во регионот. Албанија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во европските процеси се до конечно надминување на сите потешкотии што се појавуваат на европскиот пат.
Двајцата соговорници се согласија дека зачленувањето во Европската унија носи големи придобивки за граѓаните на земјите од Западниот Балкан затоа што процесот е реформски и потребно е да се имплементираат домашни задачи, како што е борбата против корупцијата и реформи во правосудните системи.

