Македонија
Основано „Здружение на хемофиличарите“
Родителите чии деца се заболени од хемофилија, правата за подобро лекување, ќе ги бараат преку новоформираното здружение „Здружение на хемофиличарите“.
Родителите чии деца се заболени од хемофилија,правата за подобро лекување ќе ги бараат преку новоформираното здружение „Здружение на хемофиличарите“.Здружението бара соодветно третирање со фактори за коагулација 8, 9 и 7 – а, за да се овозможи квалитетен живот на лицата со хемофилија. Според членовите на здружението, за да се спречи и намали инвалидитетот потребно е навреме и во доволна количина децата да добиваат соодветен фактор.„По многу чести разговори за проблемите што ги имаме со нашите деца кои се хемофиличари, посета на кампови што се одржуваат во некои земји во Европа, видовме дека во светот лицата со хемофилија своите права за подобро лекување ги бараат и остваруваат преку здруженија, донесовме одлука и ние да оформиме здружение“ – вели Лилјана Рајчевска член на „Здружение на хемофиличарите“.За остварување на своите цели родителите на децата болни од хемофилија очекуваат поддршка од Министерството за здравство, Центарот за хемофилија, Детската клиника, Клиника за хематологија и од фармацевските компании кои го произведуваат Факторот 8, 9 и 7 – а.Хемофилија или нарушување во крвавењето е наследно заболување на коагулацијата и тоа недостиг на фактор 8 и 9Од класичната хемофилија страдаат речиси исклучиво мажите, додека жените се конвентори (односно ја пренесуваат болеста на нивните синови). Само во исклучителни случаи, можат да заболат и жените доколку таткото е хемофиличар а мајката конвентор.Во Македонија се регистрирани 315 пациенти, од кои 210 пациенти се заболени со хемофилија А, а 105 пациенти имаат хемофилија Б. Тие се лекуваат при Универзитетската клиника за хематологија, Универзитетската клиника за детски болести и Институт за трансфузиона медицина. крај/к.с.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

