Македонија
Рамковски ќе даде исказ идниот понеделник (опширно)
Идниот понеделник, на 11.јули, првообвинетиот од случајот „Пајажина“ сопственикот на А1 телевизија Велија Рамковски ќе даде исказ во врска со обвинението според кое се товари за злосторничко здружување, затајување
Идниот понеделник, на 11.јули, првообвинетиот од случајот „Пајажина“ сопственикот на А1 телевизија Велија Рамковски ќе даде исказ во врска со обвинението според кое се товари за злосторничко здружување, затајување данок, перење пари и злоупотреба на службената положба. Додека судијката Павлина Христовска се договараше со бранителите на 23-та обвинети во случајот „Пајажина“ за тоа по колку мина сведоци ќе се испрашуваат на ден, Велија Рамковски рече „јас имам 15 минути, толку сум напишал’.
Идниот понеделник, освен Рамковски исказ ќе треба да дадат и Амди Рамковски, братот на сопственикот на А1 телевизија, Невин Рауф и Зоран Мицевски.
Идната седмица се очекува исказ да дадат сите обвинети во случајот „Пајажина“. Ќе се испрашуваат по четворица сведоци секој ден, па со оглед на тоа што од 23-ца обвинети 17 се присутни, петмина се во бегство, а случајот на една од обвинетите е издвоен, се очекува распитот на обвинетите да заврши до крајот на следната седмица.
Судијката одлучи додека еден од обвинетите дава исказ, во судницата да не бидат присутни другите обвинети.
По четири одложувања денеска обвинителката Гордана Гешковска неколку часови го читаше обвинителниот акт составен на повеќе од 70 страници за 23-та обвинети во случајот „Пајажина“
Обвинителството го товари Рамковски, за основање на 24 фирми во Македонија и странство кои биле раководени од членовите на злосторничкото здружување и биле ставени во функција во зависност од потребите на членовите.
Исто лице се појавувало како основач на повеќе фирми, управителите постојано се менувале. Според Обвинителството, доказ дека сите овие фирми биле меѓусебно поврзани говорел фактот што тројца од обвинетите биле овластени потписници за сите фирми.
Според материјалните докази и превземените истражни мерки, една од фирмите во која имало тројца вработени на име изработка сценарија и режија за проекти и тоа документарни филмови, забавни, дебатни и контактни емисии до телевизијата доставиле фактури во износ од 3 милиони евра, кои биле книжени и за овој износ медиумот невистинито ги зголемил расходите и го одбегнал плаќањето на соодветни даноци.
Според обвинението, исто така се исплаќале големи износи на име плати за вработените, главно во телевизијата, а притоа биле пријавувани на минимални износи на кои бил плаќан данок и придонеси, а во готово на новинарите и другите вработени им биле исплаќани многу поголеми износи, без да се плати данок за овие давачки.
Речиси сите обвинети се товарат за перење пари, злоупотреба на службена положба, даночно затајување , оштетување на доверители и злосторничко здружување.
„Немаме ништо кажано и немаме што да кажеме за обвинението. Ако сега било кој прашате од судската сала за што се работи, за што се обвинети луѓево јас ен верувам дека некој од нив ќе ви каже точно и конкретно за што. Тука се натрупани сите кривични дела кои што спаѓаат во групата економски криминал, така да по избор ставено е се што може да се стави, мислам дека имаше и уште нешто ставено, но тоа е работа на јавниот обвинител, но допрва ќе доаѓа разврската“ рече адвокатот Мирослав Вујиќ.
Вкупната сума за која се товара обвинетите не е наведена во обвинителниот акт.
„Не можете да слушнете бидејќи таква финална бројка ниту може да има, ниту треба да има, затоа што се работи за повеќе фирми, за повеќе обвинети, за дејствија. Апсурд е да се чуе една цифра. Да се знаеја досега една цифра 90 отсто од работите ќе беа решени“ додава Вујиќ./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Облачно со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата (над 20л/м2). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во текот на денот врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 3 до 8 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Во понеделник наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините од снег се очекуваат во четврток и петок. Дневната температура од вторник ќе биде во пораст.
Македонија
ДОМ: Дислокација на цементарницата Усје преку јавно-приватно партнерство
Зелената партија ДОМ предлага воведување на моделот „Зелен урбан трансфер“ како стратешко решение за дислокација на цементарницата, без никакви трошоци за државниот буџет, се наведува во соопштението на партијата.
Според ДОМ, досегашните тврдења дека дислокацијата на цементарницата е „невозможна мисија“ се резултат на застарени економски пристапи. Партијата посочува дека во светот веќе со години се применуваат модели со кои тешките индустриски зони се трансформираат во нови, еколошки урбани четврти, без директно оптоварување на државните финансии.
Клучот на предложениот модел е принципот „вредност на земјиштето наместо државен буџет“. Наместо државата да ја финансира дислокацијата, се предлага пренамена на земјиштето на Усје од индустриска зона (Г) во станбено-деловна зона (А и Б). Со ваквата одлука, вредноста на парцелата значително се зголемува, а инвеститорот, односно сопственикот, добива можност да развие модерен „Smart City“ комплекс. Приходите од продажбата на недвижностите, според ДОМ, би се користеле за изградба на нова, целосно еколошка фабрика на соодветна, подалечна локација.
Бидејќи процесот на дислокација може да трае од пет до седум години, од ДОМ бараат Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање веднаш да воведат преоден режим во А-интегрираната дозвола, со најстроги еколошки стандарди. Меѓу барањата се итна инсталација на филтри од последна генерација за целосна елиминација на цврстите честички PM10 и PM2.5, како и системи за десулфуризација и денитрификација за намалување на емисиите на сулфур диоксид и азотни оксиди.
Партијата предлага и задолжително воведување на системи за вбризгување активен јаглен и вреќасти филтри, со цел целосна неутрализација на диоксините и фураните, нагласувајќи дека на тој начин ќе се спречи испуштање канцерогени материи во воздухот за време на транзицискиот период. Дополнително, ДОМ бара 24-часовен јавен дигитален мониторинг, при што податоците од оџаците би се емитувале во живо на веб-страницата на Министерството и на јавни екрани во општина Кисела Вода.
Во соопштението се осврнуваат и на решавањето на еколошкиот товар од ОХИС и Пеленица, при што се предлага чистењето на линданот да се финансира преку меѓународни развојни грантови и концесиски модели. Според ДОМ, приватен партнер би можел да добие право на стопанисување со исчистениот простор, во замена за целосна ремедијација на почвата.
Од партијата порачуваат дека Скопје заслужува чист воздух, а индустријата треба да се развива надвор од градското јадро. Со моделот „Зелен урбан трансфер“, како што наведуваат, сопственикот на „Усје“ добива нов капитал, а граѓаните – подобри услови за живот. Истовремено, преку новиот Генерален урбанистички план, градот би го насочил своето стратешко ширење кон нова, еколошки уредена четврт, додека би се намалил притисокот од прекумерна урбанизација и бетонизација во веќе преоптоварените централни и западни делови на Скопје.
Македонија
Тошковски денеска на Пониква ги посетил децата и семејствата на загинатите бранители
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска ги посетил децата и семејствата на загинатите бранители кои традиционално во овој период престојуваат во зимското одморалиште на МВР на Пониква.
-Имав чест на заеднички ручек да поминеме време заедно, во искрена и топла атмосфера, да поразговараме на повеќе теми. Жртвата што ја дале нивните најблиски е најголемата можна жртва, затоа што тие ги загубиле своите татковци, сопрузи, синови во одбрана на татковината, посочува Тошковски во објавата на својот Фејсбук профил.

Министерот нагласува дека жртвата на загинатите бранители не смее и нема да биде заборавена.
-Таа за нас претставува аманет и трајна обврска, секогаш да бидеме покрај нив, да им даваме поддршка, да ги почитуваме и да одговараме на нивните потреби во рамките на надлежностите што ги имаме, вели Тошковски.

