Македонија
ОБСЕ повика на медиумска слобода
Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) искажа загриженост поради состојбата во трите печатени медиуми во сопственост на Плус продукција, кои се соочуваат со затворање за наводно затајување данок.
Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) искажа загриженост поради состојбата во трите печатени медиуми во сопственост на Плус продукција, кои се соочуваат со затворање за наводно затајување данок. Претставникот на ОБСЕ за Слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ ја повика Македонија да се придржува до владеењето на правните принципи во ракувањето со наведениот случај.“Весниците Време, Шпиц и Коха е Ре не беа испечатени вчера. Ова е многу вознемирувачки развој кој практично преку ноќ го елиминира плурализмот и опозиционите погледи во печатот. Покрај тоа, друг медиум, А1 телевизија, која, исто така, се соочува со даночни обврски, можеби ќе треба да престане со работа во наредните недели “, изјави Мијатовиќ. Истакнувајќи дека медиумите треба да ги следат правилата утврдени за сите бизниси, Мијатовиќ вели дека во овој случај се чини дека медиумите се директно таргетирани од властите. „Ја повикувам Управата за јавни приходи да покаже максимална транспарентност во пресметувањето на износот на даночниот долг за Плус продукција и да се овозможи разумен план за плаќање, кој нема да ја попречува работата на медиумите“, изјави Мијатовиќ. Во соопштението на ОБСЕ се истакнува дека А1 телевизија и трите дневни весници се под истрага за наводно даночно затајување и перење пари од крајот на 2010 година.Нивните банкарски сметки се замрзнати од 27 јануари 2011. Властите, исто така конфискуваа неколку возила за дистрибуција на весници. Беше наредено за данок да се плати вкупно над 10 милиони евра, но беше отфрлено барањето тој износ да се плати на рати, констатира ОБСЕ.Истовремено е искажана загриженост поради случувањата во единствениот преостанат опозициски настроен весник „Утрински весник“, кој најави намалување на бројот на вработени, што предизвика протест.Неколку новинари кои учествуваа во штрајкот ги загубија своите работни места, стои во соопштението објавено на веб страната на ОБСЕ.Мијатовиќ ги потсети надлежните органи дека медиумскиот плурализам е предуслов и во борбата против корупцијата и за поттикнување на процесот на демократизација на земјата. “Затворање на критички медиумите не води кон политичка и економска стабилизација, туку доведува до губење доверба во владата и политичарите“, рече Мијатовиќ. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Зелениково и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, дел од корисниците од улиците Самоилова и Јоаким Крчовски, како и објектот на Музејот на Современа Уметност, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница, општина Зелениково;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците лоцирани околу ул. Австралиска бр. 5 во населба Даме Груев, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Утре во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на денот насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониска утринска температура.
Македонија
Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци, дури и години, не оделе на работа.
„500 лица до денес, се отстранети од работа од претпријатијата во градот Скопје. Тоа се лица кои се платени од парите на скопјани, но не оделе на работа со месеци, дури и години“, објави Ѓорѓиевски.
Тој најави дека секој кој чесно си ја работи работата, ќе биде награден, а оној што не работи ќе биде казнет.
„Тука, нема да има толеранција, а ќе има и одговорност! Секој оној што чесно си ја работи својата работа ќе биде награден, а оној што не работи – ќе биде санкциониран. Ред во Скопје, мора да има! Она што е платено со парите на граѓаните јас мора да го заштитам“, напиша Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

