Македонија
Посебен сообраќаен режим за време на средбата на претседатели во Охрид
Секторот за внатрешни работи Охрид презема неопходни мерки со цел безбедно одвивање на планираните средби и програмските активности на Регионалната средба на претседателите на Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово, што денес и утре ќе се одржи во Охрид.
Секторот за внатрешни работи Охрид презема неопходни мерки со цел безбедно одвивање на планираните средби и програмските активности на Регионалната средба на претседателите на Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово, што денес и утре ќе се одржи во Охрид. СВР Охрид ги интензивира мерките за сообраќајно обезбедување кои се одвиваат со писмени предупредувања на сите паркирани патнички и други моторни возила по должината на Булеварот „Туристичка“ но и во стариот дел од градот, каде претседателите и членовите на делегациите ќе посетат дел од културно-историските знаменитости на град Охрид. На овој потег, но и на неколку други сообраќајници, нема да биде дозволено запирање или паркирање моторни возила. Предвидено е отстранување на неправилно паркирани патнички и друг вид моторни возила како и на оставени предмети од сообраќајните површини. Од страна на полициските службеници, ќе бидат спроведувани и другите законски овластувања како дел од севкупните безбедносни мерки на СВР Охрид. „Мерките на СВР Охрид, првенствено ќе бидат насочени кон физичко обезбедување на објектите и просторот за време на посетата на претседателите и нивните делегации и ќе бидат во функција на непречено одвивање на оваа значајна средба чиј домаќин е македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Заради безбедно движење на делегациите и возилата под придружба, на одредени патни правци и сообраќајници, привремено ќе биде ограничено движењето на моторни и друг вид возила со физичко регулирање на сообраќајот“ -информираат од охридската полиција. СВР Охрид апелира до граѓаните на Охрид на исклучива нужност во користењето на сопствените возила за време на одржувањето на регионалната претседателска средба. крај/охридњуз/к.с.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.