Македонија
Волерс: САД загрижени за владеењето на правото и независноста на медиумите
Судството, медиумите и невладиниот сектор во Македонија се областите за чиј развој официјален Вашингтон е загрижен, рече кандидатот за амбасадор во Скопје, Пол Волерс во својот настап пред Комитетот за надворешна политика на Сенатот.
Судството, медиумите и невладиниот сектор во Македонија се областите за чиј развој официјален Вашингтон е загрижен, рече кандидатот за амбасадор во Скопје, Пол Волерс во својот настап пред Комитетот за надворешна политика на Сенатот.Волерс посочи дека, по успешно спроведените парламентарни избори на 5-ти јуни, приоритети за Македонија се обезбедување на независно судство, слободни и независни медиуми и силно граѓанско општество.„Ова е време луѓето и лидерството на Македонија да се фокусираат и движат кон поголем просперитет, стабилност, безбедност во евроатланските интеграции. Демократските структури се воспоставени во Македонија, но целосното владеење на правото и независноста на институциите останува проблем. Независно судство, слободни и независни медиуми и силно граѓанско општество се важни одредници за сите демократии. Ние сме загрижени за развојот на Македонија во овие области. САД се сојузници со Македонија и се соочува со овие предизвици“, рече Волерс.Во однос на прашањето со името, Волерс посочи дека натамошниот напредок во евроатланската интеграција на земјата зависи од неговото решавање. Побара силно лидерство од двете страни со цел изнаоѓање на решение. „Ова е нешто повеќе од име. Ова е прашање на идентитет. Ние работевме во минатото и ќе продолжиме да го правиме тоа со македонските власти, како и со другата страна преку амбасадата во Атина. Ја посочуваме на двете страни потребата од придвижување напред по однос на ова прашање со големо чувство на компромис, со меѓусебна почит за историјата и традицијата, со чуство за волја да се направи болниот компромис, кој е неопходен за да се надмине ова деликатно прашање, прашање што е многу емотивно за двете страни“, рече Волерс, кој побара двете страни да се воздржат од провокации што би го отежнале изнаоѓањето на решение. Волерс оддаде почит за македонските војници во мисиите во Ирак и во Авганистан, нарекувајќи ја Македонија верен сојузник на САД. На сослушувањето во комитетот, Волерс дури беше прашан како мисли дека може да се надмине бојкотот на опозицијата во парламентот, на што идниот американски амбасадор одговори дека таквата состојба е надмината по одржувањето на предвремените парламентарни избори во јуни.Пол Волерс, на функцијата треба да го наследи Филип Рикер, кој заминува во Вашингтон на позицијата заменик-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот. /крај/со/ач Copyright 2011 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Визер“ привремено ги прекинува летовите кон повеќе дестинации на Блискиот Исток
Авиокомпанијата „Визер“ соопшти дека поради неодамнешната ескалација на безбедносната состојба во Иран ги суспендира сите летови кон и од Израел, Дубаи, Абу Даби, Аман и Саудиска Арабија, заклучно со 7 март.
Од компанијата информираат дека континуирано ја следат состојбата и се во постојан контакт со локалните и меѓународните власти, агенциите за безбедност во воздухопловството и други релевантни институции. Во зависност од развојот на ситуацијата, можно е да бидат донесени дополнителни оперативни одлуки и да дојде до измени во распоредот на летови.
„Визер“ наведува дека ќе ги информира патниците за сите очекувани промени што е можно поскоро. Патниците кои направиле резервација преку трети страни треба да се обратат директно до нив за дополнителни информации.
Од компанијата нагласуваат дека безбедноста и сигурноста на патниците, екипажот и авионите останува нивен највисок приоритет. Патниците со засегнати резервации ќе бидат директно контактирани со информации за достапните опции.
Македонија
Општина Илинден објави јавен повик за субвенционирање на велосипеди
Општина Илинден и оваа година објавува Јавен повик за доделување субвенции за набавка на велосипеди, во рамки на Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани за 2026 година.
Со мерката се предвидува еднократна парична помош за жителите кои имаат постојано место на живеење на територијата на општината, а кои ќе набават нов велосипед во периодот од 02 март до 30 април 2026 година.
Целта на повикот е поттикнување на користењето велосипеди како еколошко превозно средство, како и унапредување на сообраќајната култура и заштитата на животната средина.
Финансиската поддршка изнесува 50 проценти од вредноста на купениот велосипед, но не повеќе од 4.000 денари по лице. Барањата ќе се разгледуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, односно според датумот и времето на нивното пристигнување.
Сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да ги добијат на официјалната веб страница на Општина Илинден ([email protected]), како и во просториите на Општината.
Македонија
Минималната плата се зголемува за 1.667 денари
Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши.
Бруто платата за 2025 година беше 36.037 денари, а за 2026 година е 38.507 денари бруто односно 26.046 денари нето.
Дурмиши кажа дека со ова, платата се зголемува за 2.470 денари бруто односно за 1.667 денари нето.
Дурмиши појасни дека усогласувањето на минималната плата се врши секоја година во март врз јасно утврдена формула, 50 отсто од порастот на просечната нето плата исплатена од минатата година и 50 отсто од порастот на индексот на трошоците за живот според официјалните податоци од Ддржавниот завод за статистика.
Според објавените податоци, просечната исплатена нето плата бележи пораст од 9,6 проценти, додека индексот на трошоците за живот бележи пораст од 4,1 процент.

