Македонија
Изгласан Законот за јазиците
Пратениците со 58 гласа „за“ синоќа ги изгласаа измените на Законот за употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните и во единиците на локалната самоуправа, по скратена постапка.
Пратениците со 58 гласа „за“ синоќа ги изгласаа измените на Законот за употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните и во единиците на локалната самоуправа, по скратена постапка.
Од 20 пратеници од заедниците, 16 гласаа „за“, а четворица беа против.
Со измените се предвидува покрај пратениците, на собраниските седници и на работните тела на мајчин јазик различен од македонскиот да може да зборуваат и министрите и други назначени функционери, ако јазикот го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните.
За овие измени во Собранието имаше жестока дебата.
Пратениците од опозициската СДСМ уште на почетокот на расправата децидни во ставот дека нема да ги поддржат измените, затоа што според нив се прекршува Уставот и Охридскиот рамковен договор.
Опозицијата забележа и дека законот се носи по скратена процедура, без претходна јавна дебата.
И пратениците од албанската опозициска ДПА беа против овие измени зашто бараат албанскиот да биде службен јазик, а не да се нарекува јазик на најмалку 20 отсто од граѓаните.
Од власта негираа дека е ревидиран Охридскиот договор, дека е прекршен Уставот и Деловникот на Собранието.
Според нив измените во законот се резултат на одредени уставни одредби и произлегуваат од потребата за унапредување на меѓуетничките односи.
Собранието вчера ја исцрпе и расправата по Предлог-законот за изменување на Законот за употреба на знамињата на заедниците, по скратена постапка.
Поради немање кворум, собранискиот спикер Трајко Вељаноски ја прекина седницата и нејзино продолжение закажа за во понеделник.
Измените на Законот за употреба на знамињата на заедниците предвидуваат локалните самоуправи во кои над 50 отсто од населението се припадници на заедницата, да може го истакнуваат нивното знаме заедно со државното македонско знаме кое мора да е за една третина поголемо./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

