Македонија
Дамовски:Дел од вработените во медиумите на Рамковски земаа плата во кеш
За финансиското работење на весникот „Време“ беше одговорен сметководствениот тим од „Перо Наков“, тврдеше во својата одбрана еден од обвинетите во „Пајажина“, Александар Дамовски, управител во фирмата
За финансиското работење на весникот „Време“ беше одговорен сметководствениот тим од „Перо Наков“, тврдеше во својата одбрана еден од обвинетите во „Пајажина“, Александар Дамовски, управител во фирмата „Врем еч“, кој за првпат потврди дека во фирма од случајот „Пајажина“, дел од вработените добивале пари во кеш, но не знаеше да каже од каде стигнувал кешот.
Според неговите кажувања пред Судскиот совет, во 2003 година Дамовски заедно со Ѓорѓи Барбаровски и Велија Рамковски се договориле за основање на нов дневен весник.
Бидејќи Рамковски не можел да биде сопственик и на електронски медиум и на печатен медиум тројцата се договориле управител на фирмата да биде, Дамовски.
Рамковски како главен инвеститор во овој проект го посочил Ерхан Чичек, како негов партнер, но Дамовски како управител на „Време Еч“ немал никакви контакти со Чичек. Цело време во име на мнозинскиот сопственик Чичек, одлучувал Рамковски.
Дамовски бил главен и одговорен уредник на весникот „Време“, а исто така ги користел и неговите деловни контакти за реклами, како и за изнаоѓање на фирми за печатење и дистрибуција на весникот и други додатоци на весникот.
Овластени потпишувачи на сметката на „Време Еч“, биле Невин Рауф и Дамовски. Сите документи од „Перо Наков“ кај него доаѓале со потпис од Невин Рауф и за него тоа било еден вид доказ дека тие документи ги поминале сите канали на проверка и дека сè е законски.
Неговиот потпис стоел на договорите со фирмите и печатниците, кои што се оштетени, „Скопски пазар“, „Цетис-принт“ и „Европа 92“, но финалните верзии ги договарал заедно со Рамковски.
На почетокот исплатите на „Скопски пазар“, „Европа 92“ и „Цетис – принт“ оделе како што било договорено, но потоа почнале да заостануваат.
„Јас се обидував да го убедам Рамковски да го исполни тоа што го потпишавме, но немав позитивен одговор“ вели Дамовски.
Се сеќава дека потпишал одлука за пренос на возила од фирмата „Време еч“ на „Акстра трејд“, а по извесно време од своите деловни соработници дознал дека „Европа 92“ повела судска постапка за долг, па заради неможноста од конфискација тие возила биле префрлени на друга компанија.
Адвокатот на првообвинетиот, Мирослав Вујиќ тврдењето на Дамовски дека се исплаќале пари во кеш го оцени како небулозно.
„Тоа е небулозно тврдење кое не е докажано со ништо, туку само со една изјава. Ако некој кажува дека се давани пари, а не знае од каде се тие пари или дека се исплаќани пари од неговата фирма према вработените, а не знае од каде ги наоѓа, немам што да коментирам“ рече Вујиќ
Претходно Вујиќ бараше да се изземе изјавата на Дамовски дадена пред истражен судија оценувајќи ја како незаконска. Според него исказот на Дамовски бил даван кај истражен судија кој не го водел случајот, превентивната мерка му ја одредил судија кој го нема сослушано, а бранителите на другите обвинети немале право да му поставуваат прашања.
„Со тоа на 16 обвинети им е повредено правото на одбрана“ рече Вујиќ.
На ова реагираше обвинителката Гордана Гешковска која што рече дека според Законот за кривична постапка треба да постапува надлежен истражен судија и надлежен јавен обвинител и не се бара тоа да биде конкретно име и презиме. Судскиот совет не го прифати барањето на Вујиќ.
Распитот на обвинети продолжува, денеска треба исказ да дадат уште двајца обвинети. Утре со одбраната на обвинетата Жаклина Ѓорѓиевска се очекува да заврши одбраната, а идниот месец следува доказната постапка. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

