Македонија
Уапсен балкански измамник кој оштетил 60-тина фирми
Македонското, бугарското и српското министерство за внатрешни работи во заедничка акција приведоа четириесет и едногодишен Србин кој како организатор на измамничка група во
Македонското, бугарското и српското министерство за внатрешни работи во заедничка акција приведоа четириесет и едногодишен Србин кој како организатор на измамничка група во изминатите години оштетил шеесетина фирми од земјите од балканскиот регион.
Од 2008 година наваму, според досегашните проценки преку измамите, Г.В. причинил штета од 1.5 до 2 милиони евра.
Во 2007 година Србинот организирал криминална група во Македонија. За своите криминални дела користел фирми кои веќе биле регистрирани во институциите во Македонија, на име на членови од неговата криминална група или на име на други државјани на Република Македонија кои за одреден паричен надомест им ги отстапуваат фирмите на членови на криминалната група.
Истата тактика ја применувал и во Бугарија во 2008 година. „Во овие фирми во Македонија (околу дваесетина евидентирани од страна на МВР) во текот на 2009 и 2010 година Г.В. и останатите членови на групата почнуваат да ја менуваат сопственичката структура и организационата структура, односно управители и сопственици со промени на уделите во тие фирми, стануваат членовите на криминалната група. Притоа, речиси по правило се користеле невистинити податоци како за седиштето на фирмите, капацитетот и описот на работа, така и за големината на капиталот со кој располагале“ се вели во соопштението на МВР. Измамникот бил уапсен во Софија
Инаку, МВР во изминатиот период против Г.В. како и против членовите на криминалната група поднесе осум кривични пријави, а една кривична пријава поднесе и Финансовата полиција при Министерството за финансии на . Исто така, во досегашното расчистување на случајот на територијата на Македонија откриен е и дел од стоката, некаде во висина од околу 200.000 евра, а дел од неа веќе е вратен на сопствениците, додека пак друг дел е во постапка пред надлежните судови. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

