Македонија
Тарчуловски преку писмо го повика Груевски да разговара за Хашките случаи
Единствениот македонски државјанин осуден од Хашкиот трибунал преку писмо го повика премиерот Никола Груевски, да покаже доблест да се затвори последното поглавје од 2001 година и да разговара за Хашките случаи.
Единствениот македонски државјанин осуден од Хашкиот трибунал преку писмо го повика премиерот Никола Груевски, да покаже доблест да се затвори последното поглавје од 2001 година и да разговара за Хашките случаи.„Разговарајте за тие Хашки случаи, проверете ги законите и ако има можност, решете го тоа прашање еднаш засекогаш, запрете ги и оставете ги во историјата, завршете ги сите трауми од минатата деценија. Ако избираш помеѓу тоа да ја трошиш енергијата на создавање на нови дела, да градиш и да им помагаш на луѓето, и помеѓу тоа да се оптоварува општеството и иднината со овие случаи, одбери го првото. Знае народот што беше Татковинската војна, знае и историјата. Ако тоа е предизвик за Македонија да оди напред, знаеш дека Македонија мора да оди напред. Овие случаи треба да ги стопираме и пратиме во историјата и да одиме напред, да градиме наместо да разградуваме“, се наведува во писмото на Тарчуловски за кое вели дека се размислувал долго пред да го напише мислејќи на многу луѓе, но пред се на Македонија.Тој во писмото, кое го достави преку Здружението за негова поддршка, додава дека ја има целосната негова поддршка за решавање на овие случаи.„За мене е најбитно моите деца Мелани и Младен, како и сите други деца, да растат во земја во која ќе имаат подобро образование и повеќе можности, кај што ќе имаат подобар живот, отколку да растат во земја која ќе се замара со трауми од минатото. Нека биде по закон, ако има правна можност и ако дозволува правото, решете го и ова прашање што се исправува пред Македонија“, се вели во писмото на Тарчуловски.Болката на сопругите, децата и родителите кои ги изгубиле своите најблиски вели дека знае оти е голема, додавајќи дека тој е сведок дека не е виновен за некоја болка која што ја имало некое семејство, а е во затвор и оти не би сакал и некој друг да ја има неговата судбина, иако рекол дека е спремен да издржи секаков предизвик за земјата.„А интерес и на оние кои изгубиле драга личност е да имаат подобра иднина. Ние хероите ќе ги паметиме вечно и со одење напред најдобро ќе се оддолжиме за нивната жртва, зашто хероите ја бранеа Македонија за таа да стане модерна и силна држава, а таква ќе биде само ако биде напредна и ако ги оставиме траумите во минатото. Херојството е веќе запишано. Патриотски пред 10 години беше да се одбрани Македонија. Денес е патриотски да се овозможи Македонија да оди напред, ослободена од бремето на минатото, и да стане модерна држава, каде што сите луѓе од разна вера и нација ќе живеат во слога и со добро. Јас и од овде ќе продолжам да се борам за најдобриот интерес на Македонија и македонскиот народ, имам јак дух и волја, и силна верба во Господ“, укажува Тарчуловски во писмото.Писмото на Тарчуловски во јавноста излезе денеска кога во Собранието се расправа за автентичното толкување на Законот за амнестија со кое се затвораат хашките случаи.Роднините на жртвите од Хашките случаи бараат прием во Собранието./крај/бдCopyright 2011 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

