Македонија
Дали А1 ќе ја загуби дозволата за работа од СРД?
Советот за радиодифузија (СРД) денеска во 13 часот се очекува да одржи седница на која ќе се разговара околу тоа дали А1 телевизија при евентуално отворање на стечајна постапка би ја изгубила дозволата за работа од СРД.
Советот за радиодифузија (СРД) денеска во 13 часот се очекува да одржи седница на која ќе се разговара околу тоа дали А1 телевизија при евентуално отворање на стечајна постапка би ја изгубила дозволата за работа од СРД.Со помош на правната служба, членовите на СРД ќе го толкува членот 62 од Законот за радиодифузија во кој е наведено „Ако настапи стечај или ликвидација, дозволата за работа престанува да важи“. Заменик претседателот на Советот за радиодифузија, Милаим Фетаи завчера изјави дека од се уште не можат да прецизираат како ќе постапуваат, дали телевизијата ќе ја изгуби дозволата за работа од СРД ако се отвори стечајна постапка за телевизијата, бидејќи ова било нова ситуација и за нив.„Ние не сме тие што сме виновни за една таква состојба, туку ќе констатираме дали може да опстојува или не. Ако можат економски да се реорганизираат СРД нема причина, нема да се истрчуваме да им ја земеме. Ние не сме цензор, ние не сме тие кои одземаме поради наши желби. Ако реално фактичката состојба на А1 е таква да не е во можност да продолжи така да работи, односно во стечајна постапка не се реорганизираат па настапува процес на ликвидација ние како СРД ќе констатираме таква состојба, тие сами по себе губат дозвола“, изјави Фетаи.Управата за јавни приходи во понеделникот до Основниот суд Скопје 2 Скопје, достави предлог за отворање стечајна постапка против А1 телевизија. Привремениот стечаен управник на А1 телевизија, Ацо Петров изготвува извештај за економско – финансиската состојба на телевизијата и врз основа на тој извештај, Основниот суд Скопје 2 ќе одлучи дали ќе отвори стечајна постапка за А1, односно дали телевизијата има услови да оди во стечај или ќе ги подмири нејзините долгови кон доверителите.Инаку телевизија должи вкупно 9,5 милиони евра и овие средства треба да ги подмири до средината на август.Сопственикот на А1 телевизија, Велија Рамковски веќе седум месеци е во притвор. Нему и на неговите блиски соработници им се суди за затајување на данок, перење пари, злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

