Македонија
Пожар во близина на пругата Скопје-Велес
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска избувна пожар во близина на железничката станица Рајко Жинзифов (Скопје – Велес), кој што се проширува кон непристапен повисок планински дел, над пругата.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска избувна пожар во близина на железничката станица Рајко Жинзифов (Скопје – Велес), кој што се проширува кон непристапен повисок планински дел, над пругата.Теренот е со сува трева и ниска деградирана шума. Поради непристапност на теренот,пожарот ќе се гасне со авион на Дирекцијата за заштита и спасување. Истовремено од ЦУК известуваат дека во текот на вчерашниот ден на територијата на Македонија, се гаснеле пожари на неколку локации. Само во скопско биле евидентирани 17 пожари каде биле зафатени локации претежно со сува трева. Во гаснењето на пожарите во скопскиот регион интервенирале пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Во кумановско биле регистрирани шест пожари. Опожарена е површина со сува трева, стрништа и ниска деградирана шума. Пожарите во селата Руѓинце каде се опожарени 1.200 хектари, во Белановце и Бајловце, вчера биле реактивирани. Од пожарот во село Ваксинце опожарени се 200 хектари, во село Шупли Камен 50 хектари, во село Мургаш 40 хектари.Во селото Пендаќ опожарени биле шест хектари. Помали пожари биле евидентирани и кај кичево, Струмица, Кавадарци, Неготино и Свети Николе и во битолскиот регион.Координативното тело за заштита на шумите од пожари упатува препорака до граѓаните да ја почитуваат делумната забрана за движење во шумите, да не користат запаливи материи на отворен простор, кои можат да предизвикаат пожар од пошироки размери.Се предупредуваат и патниците кои патуваат со автомобилски или железнички превоз, да не фрлаат догорчиња или неизгаснати цигари за да не се предизвикаат пожари долж патните линии. Истовремено, Координативното тело ги потсетува граѓаните, доколку забележат одредени сомнителни места на кои е присутен оган или дим, веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на бесплатниот телефон за итни повици 195 на Центарот за управување со кризи, на бројот 193, како и на отворената телефонска линија 02-155-22 на јавното претпријатие ,,Македонски шуми,,.УХМР од недела најавува период на променливо и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. /крај/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсени возачи од Скопје и Куманово, возеле без возачка, одземени им се возилата
Полицијата уапси двајца возачи од Скопје и Куманово, возеле без положен возачки испит, одземени им се возилата.
Попладнево во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
На 03.02.2026 во 13:00 часот на улица „Јустинијан први“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода И.Џ.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. И.Џ. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ.
Македонија
Партиите со осуда за нападот врз новинарот Видиновски
Политичките партии го осудија нападот врз новинарот Александар Видиновски.
„Ги осудуваме нападите врз новинарот Александар Видиновски, кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам. Нападот врз новинарот Видиновски е напад врз слободата на говор и врз медиумите, од страна на структури кои разгоруваат омраза, а се мотивирани од бугарскиот национализам. Сите напади како овој врз новинарот Видиновски го разјадуваат општеството и ја подгреваат омразата, и мора веднаш да престанат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Осуда стигна и од ЛДП.
„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро го осудува однесувањето на онлајн насилниците со коментари исполнети со говор на омраза кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски. Ваквиот начин на изразување и на воспоставување дијалог не е воопшто соодветен за било кое демократско општество. Ја изразуваме нашата поддршка за Видиновски, бараме независното новинарство да остане независно од секакви влијанија и бараме брза реакција на институциите за расчистување на случајот“, велат од ЛДП.
Македонија
Македонија и ОАЕ потпишаа Меморандум за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Дубаи оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата.

„Со Меморандумот се воспоставува институционална рамка за систематска соработка насочена кон унапредување на јавните политики, јакнење на административните капацитети, дигитална трансформација и примена на иновативни модели на управување“, соопштија од МНР.
Од таму додаваат дека потпишувањето на документот отвора нови можности за размена на знаења, експертиза и добри практики, како и за реализација на заеднички активности и проекти во области од заемен интерес, со цел зголемување на ефикасноста и квалитетот на владините услуги.
На средбата станало збор и за можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Скопје и Обединетите Арапски Емирати. Воедно бил направен сеопфатен преглед на билатералните односи, при што биле разгледани можностите за нивно натамошно продлабочување. Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на политичката соработка, јакнењето на економските врски и интензивирањето на трговската размена меѓу двете земји.
Двете страни ја потврдиле заедничката определба за натамошно зајакнување на партнерските односи и развој на конкретни иницијативи кои ќе придонесат за одржлив економски раст, институционална ефикасност и продлабочена соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

