Македонија
Милчин обвини дека против него се води политички линч
Професорот на Факултетот за драмски уметности и директор на Фондацијата Институт отворено општество, Владимир Милчин, кого меидумите го препознаа во соопштението на Комисијата за лустрацијата од минатата недела, целата процедура ја оквалификува како политички линч против него.
Професорот на Факултетот за драмски уметности и директор на Фондацијата Институт отворено општество, Владимир Милчин, кого медиумите го препознаа во соопштението на Комисијата за лустрацијата од минатата недела, целата процедура ја оквалификува како политички линч против него.Притоа Милчин обвини дека крајната цел била неговата Фондација, која се борела за слободата и демократијата.Милчин тврди дека бил следен од службите во поранешна Југославија, а не дека соработувал со нив.„Не може лице коешто било предмет на обработка истовремено и да биде соработник. Се работи за лаги и монтажи. Соочени сме со таканаречена лустрација чиј предмет е политичка пресметка со неистомисленици. Стравот нема да ми ја затвори устата или да ми го блокира мозокот“, вели Милчин.Тој рече дека во 2000 година, од тогашната министерка за внатрешни Доста Димовска добил известување дека постои досие за него на 217 страници. Од шалтерот на институциите Милчин го подигнал оваа досие, кое според него, било досие на жртва и побарал до 2047 година, кога тој би имал 100 години, ова досие да остане тајна. Милчин, исто така, ја побарал и листата на лицата коишто го следеле, но меѓу нив недостасувало името на едно лице, за коешто бил сигурен дека го има следено.Според него службите почнале да го следат во 1977, поради неговите анархолибералистички позиции, односно критичката настроеност кон власт. Тој вели дека бил следен со посебни мерки, биле прислушувани неговите разговори со неговите покојни родители, а била отворана и неговата пошта. Најавувајќи дека целата содржина на досието ќе ја стави на интернет, Милчин истакна дека комисијата за лустрација ја крши процедурата, со тоа што предвреме му лепи етикета и со тоа што процесот на лустрација го води претседател чиј мандат е истечен.На новинарско прашање дека според информации на комисијата не се работи за досие на УБК, туку за досие кое што постоело во архивот, Милчин вели дека таа приказна е невозможна и дека ако имал и соработничко досие требало да му биде доставено во 2000 година.Граѓанин кој што доброволно ја следеше прес конференцијата го праша Милчин каде е досието на неговиот татко и дали ги споредил двете досиеја, на што Милчин рече дека не ги споредил и дека Илија Милчин ја запалил копијата од своето досие. /крај/фф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Стојаноска: Време е да се обединиме сите околу тоа повеќе да не функционираме како до сега
„Во текот на вчерашниот ден направивме анализа од резултатите од првиот изборен ден на претседателските избори и истото покажува дека голем број на нашите сограѓани Албанци, Турци, Роми и Бошњаци го имаат дадено својот глас за нашиот претседателски кандидат Гордана Силјановска Давкова“, рече Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.
„Во име на тоа, од срце им се заблагодарувам на сите мои сограѓани и ги повикувам истото да го направат да го направат и во вториот круг имено ВМРО-ДПМНЕ подава рака кон сите, време е, момент е да се обединиме сите околу тоа повеќе да не функционираме како до сега, туку да вложиме да инвестираме во вистинска слобода, вистинска благосостојба и вистински соживот особено за нас особено во шестата изборна единица. Време е заедно да се спротивставиме на криминалот и Македонија да ја направиме своја и горда“, изјави Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.
Македонија
„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма
Иновативната формулација на „Алкалоид“ АД за лекот со додадена вредност „Омепразол“ во течна форма, готов за употреба, прва од ваков тип во светски рамки, е прогласена за „Патент на годината за 2023“ од Државниот завод за индустриска сопственост, во рамките на пригодното одбележување на Светскиот ден на интелектуалната сопственост – 26 април.
Меѓународната патентна пријава на „Алкалоид“ за „Oмепразол“ во течна форма беше поднесена на 17 април 2020 година, со опфат на голем број региони и земји, меѓу кои земјите од Европската Унија, САД, Канада, Кина, земјите од Евроазиската економска унија и други. Патентната пријава при Европскиот завод за патенти, чии ингеренции опфаќаат патентни активности во 39 земји во Европа, беше одобрена на 3 август минатата година и валидирана во триесетина земји, меѓу кои и Македонија.
Патентот на „Алкалоид“ АД ја заштитува течната фармацевтска дозна форма на „Омепразол“, која се базира на два посебни раствори содржани во двокоморско пакување, кое при отворањето автоматски ги меша двата раствора и така се добива готовиот течен омперазол за употреба. Овој препарат е наменет, пред сѐ, за третман на рефлуксен езофагитис и на гастроезофагеалната рефлуксна болест (ГЕРБ) кај малите деца кои не можат да голтаат таблети, како и кај возрасните пациенти кои имаат тешкотии со голтањето (пациети со дисфагија) и неможност за голтање (пациенти со поставени сонди за гастрично хранење и/или геријатриски пациенти).
Државниот завод за индустриска сопственост е основан на 1 декември 1993 година како самостоен орган на државната управа и е надлежен за вршење на работите во врска со стекнувањето и со заштитата на правата од индустриска сопственост кои опфаќаат патенти, индустриски дизајни, трговски марки и ознаки за потеклото на производите. Оваа институција триесетта година по ред традиционално организира активности во насока на афирмација на улогата на индустриската сопственост во поттикнувањето иновации и креативни творби.
ПР
Македонија
Први и шести мај неработни за сите граѓани на Македонија, трети мај за граѓаните од православна вероисповед
Министерството за труд и социјална политика, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07) соопштува дека:
1 мај 2024 година (среда), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
03 мај 2024 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.
06 мај 2024 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им ги честита престојните празници.