Македонија
Пожари во Битола и во кичевско
Два пожари избиja денеска, од кои едниот во Битола кај населбата Ушици, а другиот во село Челопеци – Кичево, потврдија од Координативното тело за заштита на шумите од пожари за Макфакс.
Два пожари избиja денеска, од кои едниот во Битола кај населбата Ушици, а другиот во село Челопеци – Кичево, потврдија од Координативното тело за заштита на шумите од пожари за Макфакс.Педесетина вработени во „ЈП Македонски шуми Лопушник – Кичево“, се уште се борат со пожарот во село Челопеци во општината Вранишница, каде за сега гори нискостеблеста дабова шума.„Пожарот се уште не е ставен под контрола. Во негово гасење учествуваат и 100 војници, бидејќи најверојатно во близина има некои објекти на АРМ“, изјави за Макфакс, Игор Лазаревски, Директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство и Координатор на телото за заштита на шумите од пожари.Тој додаде дека пожарот во Битола кој се појавил околу 14 часот е веќе ставен под контрола.„Се работи за локација над населбата „Ушици“, во близина на манастирот „Архангел Михаел“ и над црквата „Четириесет маченици“. Изгорени се 20 до 25 хектари трева, нискостеблест багрем, црн и бел бор. Во неговото гасење учествуваа четири противпожарни возила, едно теренско, вкупно 14 пожарникари, шест вработени од Дирекција за заштита и спасување, 10 вработени од Македонски шуми и 100-тина граѓани. Пожарот е локализиран е и обиколен“, рече Лазаревски./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Заштитата на Преспанското Езеро треба да биде највисок приоритет“: Сиљановска-Давкова во посета на Ресен
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска е во работна посета на Општина Ресен. Во рамки на посетата, таа оствари средби со градоначалникот Јован Тозиевски, членовите на Советот на општината и со граѓаните на Ресен.
Тие ја запознаа со локалните проблеми, а особено беше нагласено прашањето за миграцијата и одливот на младите од Ресен и Преспанскиот регион. Се акцентираше и важноста на проектот „ЕУ за Преспа“, преку кој се вложуваат значителни средства за развој на Ресен, една од општините којашто има најголем бенефит од европските фондови.
Во непосредниот разговор со граѓаните, Сиљановска-Давкова ги сослуша забелешките и предлозите за секојдневните економски, инфраструктурни и социјални прашања, потенцирајќи дека активниот дијалог со граѓаните претставува темел на одговорното и транспарентно владеење.
Претседателката ќе посети и неколку културни институции, како и производствениот погон Свисслион Агроплод – Ресен. Со тоа се нагласува значењето на културната традиција и поттикнувањето на економската активност како двигател на локалниот развој.
Попладневниот дел е посветен на дебата со претставници на невладини организации, на локални и национални институции, со фокус на еколошките предизвици и зачувувањето на Преспанското Езеро како природно и национално богатство.
Македонија
СДС лаже, ИПАРД 3 го запре Владата, потврди и делегацијата на ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ
За прв пат во историјата на државата, институциите преземаат мерки за корупција за кој главен осомничен е актуелен директор без притоа тие да постапуваат по претходен голем притисок на медиумите и јавноста, како што беше во време на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Владатa, како што додаваат, го санкционира коруптивното поведение на актуелни функционери без затоа да има јавен скандал.
„Во време на СДС, свиркачи и медиуми вадеа документи, видеа и аудио снимки од криминали за тогашни функционери, а Заев, Ковачевски и Филипче не само што не ги менуваат, туку и ги штитеа и вршеа притисок врз институциите да не отворат постапки“.
Во делот на манипулациите на СДС дека министерот Трипуновски треба да сноси одговорност, од владејачката партија нотираат дека станува збор за посебна институција која во своето менаџирање е самостојна.
„Во делот на лагите дека ИПАРД е блокирана од ЕУ, нема поголем демант од ставот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, кои наведоа:
“Ја поздравуваме одлуката на националните институции да ги суспендираат сите исплати од ИПАРД 3 додека не се разјаснат околностите. Со оглед на тоа дека во моментов во тек е истрага, не би можеле да дадеме дополнителни коментари – велат од Делегацијата.”
По ова, секој нареден прес на СДС може да се земе единствено како димна бомба за сокривање од партиските превирања и несогласувања во СДС и се посилните барања за оставка на Филипче“.
Македонија
Положено цвеќе пред споменикот на Драго Маневски, македонски бранител и припадник на безбедносните сили
Со положување свежо цвеќе пред спомен-плочата на припадникот на македонските безбедносни сили, Драго Маневски, беше одбележана 24-годишнината од неговата смрт.
Делегација од Општина Илинден предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, положи свежо цвеќе пред споменикот на македонскиот бранител и херој од 2001 година.
Драго Маневски, роден во Марино во 1966 година, го загуби животот на 11 ноември 2001 година во село Требош, како припадник на безбедносните сили на Република Македонија, борејќи се за својата татковина.

