Македонија
Се договараат деталите за седницата за избор на влада
Мандатарот на новата влада на утрешната седница ќе има 15 минути за излагање на експозето, а по него по еден претставник од шесте пратенички групи ќе имаат право на излагање
Мандатарот на новата влада на утрешната седница ќе има 15 минути за излагање на експозето, а по него по еден претставник од шесте пратенички групи ќе имаат право на излагањеОва е договорено засега на денешната координација кај собранискиот спикер Трајко Вељановски. Утрешната седница за избор на нова влада е предвидена да започне точно на пладне, а да заврши во 20 часот. Пратениците ќе имаат право да се обратат во врска со излагањето на премиерот по 10 минути, а координаторите по 15 минути По обраќањето на претставниците од пратеничките групи, редоследот на пратениците кои ќе се обраќаат ќе биде двајца пратеници од опозиција и еден од владеачките партии.Како што информираа од кабинетот на Вељановски, на координацијата преовладувал ставот дека не треба да се претера со репликите.По паузата, координациската средба продолжува и треба да се утврди персоналниот состав за тоа кој се ќе се обрати на утрешната и на седницата во четврток, како и редоследот на оние кои што ќе се обратат.Утрешната седница ќе продолжи во четврток, а трена да заврши најдоцна тој ден до полноќ, со избор на нова влада. /крај/бд/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија
Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство, известуваат од Министерството.

Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој.
Македонија
Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане, бараат од СДСМ
„Споредбите со земјите од ЕУ како аргумент за укинување на техничката влада се класична манипулација. Никаде во Европа нема ваква корумпирана влада“, велат од СДСМ.
„Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не ја сака техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите документи, во сите злоупотреби во целиот коруптивен систем.
Скандалот со ИПАРД 3 и злоупотребите на европските пари, за кои е приведен директор од ВМРО, се уште еден пример дека влез на опозициски министер ќе значи отворање и на другите криминални шеми во министерството.
Од тоа се плаши тендер коалицијата. Не сакаат техничка влада, затоа што тоа ќе значи отворање на пандорината кутија на криминалните тендери.
Без техничка влада не може да има праведни избори, нема контролен механизам и нема фер избори и затоа мора да остане“, соопшти СДСМ.
Македонија
Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
До петок ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по котлините. Температурите ќе бидат во постепен благ пораст. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност со услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање

