Македонија
Крим-секторот во МВР доби нова техничка опрема
Одделот за крим-техника во Министерството за внатрешни работи денеска доби нова техничка опрема за чување муниција и градење на капацитетите за контрола на малото и лесно оружје.
Одделот за крим-техника во Министерството за внатрешни работи денеска доби нова техничка опрема за чување муниција и градење на капацитетите за контрола на малото и лесно оружје.Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска рече дека донацијата наменета за секторот за криминалистичка техника од 70.000 евра е многу значајна бидејќи ќе помогне во документирањето на сите податоци и нивна употреба при истраги и проверки. „Со донацијата одделот за крим-техника се здобива со техничко инфраструктурни капацитети и перформанси што значително ќе влијаат не само врз квалитетот на работата на овој сектор на МВР, туку и на инстутуцијата во целина, применувајќи во практика нови стандарди на полициско работење. Овој софистициран систем што денес го добива македонското МВР претставува своевидна револуција во идентификација на траги од огнено оружје при што ни овозможува автоматско пребарување на трагите од испукани чаури преку непосредно градење на соодветна база но и податоци за малото и лесно оружје“, рече Јанкулоска.Шефот на операции на Делегацијата на Европската унија, Диетер Тил истакна дека Европската унија со одлука на Советот на ЕУ на 11 март 2010, одлучи да ги поддржи активностите на Институтот на Југоисточна Европа за контрола на мало и лесно оружје во земјите од Западен Балкан. На новинарско прашање дали се уште има останато оружје од конфликтот во 2001 година, Јанкулоска истакна дека постои простор за повторни акции за доброволно предавање на оружјето. “Последната акција течеше во текот на изминатава година, а бројките од таа акција за доброволно предавање на оружјето не се импресивни, што остава простор за понатамошно разгледување на можноста Собранието повторно да одлучи за создавање можност за доброволно предавање на оружје или регистрација на оружје кое може да се поседува согласно прописите“, рече Јанкулоска.Донацијата е обезбедена од ЕУ и спроведена од Програмата за развој на Обединети нации, односно Институтот на ЈИЕ за контрола на мало и лесно оружје./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија
Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство, известуваат од Министерството.

Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој.
Македонија
Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане, бараат од СДСМ
„Споредбите со земјите од ЕУ како аргумент за укинување на техничката влада се класична манипулација. Никаде во Европа нема ваква корумпирана влада“, велат од СДСМ.
„Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не ја сака техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите документи, во сите злоупотреби во целиот коруптивен систем.
Скандалот со ИПАРД 3 и злоупотребите на европските пари, за кои е приведен директор од ВМРО, се уште еден пример дека влез на опозициски министер ќе значи отворање и на другите криминални шеми во министерството.
Од тоа се плаши тендер коалицијата. Не сакаат техничка влада, затоа што тоа ќе значи отворање на пандорината кутија на криминалните тендери.
Без техничка влада не може да има праведни избори, нема контролен механизам и нема фер избори и затоа мора да остане“, соопшти СДСМ.
Македонија
Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
До петок ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по котлините. Температурите ќе бидат во постепен благ пораст. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност со услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање

