Македонија
Зголемена опасност од пожари поради најавеното топло време
Порастот на температурите, кој според проценките на стручните лица од УХМР, утре ќе се движат до 34, а во четврток ќе достигнат до 37 степени Целзиусови, ја зголемуваат опасноста од појава на пожари.
Порастот на температурите, кој според проценките на стручните лица од УХМР, утре ќе се движат до 34, а во четврток ќе достигнат до 37 степени Целзиусови, ја зголемуваат опасноста од појава на пожари. Ова се наведува во соопштението што попладнево го испрати Координативното тело за заштита од пожари по најавата на УХМР за пораст на температурите во наредните два дена.Координативното тело апелира граѓаните да ја почитуваат делумната забрана за движење во шумите, а земјоделците да не ги палат стрништата бидејќи тоа е забрането со закон.Казната за физичките лица кои ќе се затекнат како се движат во шума за време на забраната без посебно одобрение од корисникот или сопственикот на шумата се движи од 2 до 3 илјади евра. Казната за правните лица кои не преземале мерки за заштита на шумите од пожари изнесува од 15 до 20 илјади евра.Според Законот за ловство казната за палење на стрниште,плевели и други растителни отпадоци се движи од 6 до 8 илјади евра за правни лица и од 1,5 до 3 илјади евра за физички лица. Освен казните за сторениот прекршок,сторителот ќе треба да ја надомести и штетата. Возачите и патниците се предупредуваат да не фрлаат догорчиња или неизгаснати цигари за да не се предизвикаат пожари долж патните линии. Граѓаните можат да пријават пожар или опасност од пожар на бесплатниот телефон за итни повици 195 на Центарот за управување со кризи, на бројот 193, како и на отворената телефонска линија 02-155-22 на јавното претпријатие ,,Македонски шуми“. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Заштитата на Преспанското Езеро треба да биде највисок приоритет“: Сиљановска-Давкова во посета на Ресен
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска е во работна посета на Општина Ресен. Во рамки на посетата, таа оствари средби со градоначалникот Јован Тозиевски, членовите на Советот на општината и со граѓаните на Ресен.
Тие ја запознаа со локалните проблеми, а особено беше нагласено прашањето за миграцијата и одливот на младите од Ресен и Преспанскиот регион. Се акцентираше и важноста на проектот „ЕУ за Преспа“, преку кој се вложуваат значителни средства за развој на Ресен, една од општините којашто има најголем бенефит од европските фондови.
Во непосредниот разговор со граѓаните, Сиљановска-Давкова ги сослуша забелешките и предлозите за секојдневните економски, инфраструктурни и социјални прашања, потенцирајќи дека активниот дијалог со граѓаните претставува темел на одговорното и транспарентно владеење.
Претседателката ќе посети и неколку културни институции, како и производствениот погон Свисслион Агроплод – Ресен. Со тоа се нагласува значењето на културната традиција и поттикнувањето на економската активност како двигател на локалниот развој.
Попладневниот дел е посветен на дебата со претставници на невладини организации, на локални и национални институции, со фокус на еколошките предизвици и зачувувањето на Преспанското Езеро како природно и национално богатство.
Македонија
СДС лаже, ИПАРД 3 го запре Владата, потврди и делегацијата на ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ
За прв пат во историјата на државата, институциите преземаат мерки за корупција за кој главен осомничен е актуелен директор без притоа тие да постапуваат по претходен голем притисок на медиумите и јавноста, како што беше во време на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Владатa, како што додаваат, го санкционира коруптивното поведение на актуелни функционери без затоа да има јавен скандал.
„Во време на СДС, свиркачи и медиуми вадеа документи, видеа и аудио снимки од криминали за тогашни функционери, а Заев, Ковачевски и Филипче не само што не ги менуваат, туку и ги штитеа и вршеа притисок врз институциите да не отворат постапки“.
Во делот на манипулациите на СДС дека министерот Трипуновски треба да сноси одговорност, од владејачката партија нотираат дека станува збор за посебна институција која во своето менаџирање е самостојна.
„Во делот на лагите дека ИПАРД е блокирана од ЕУ, нема поголем демант од ставот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, кои наведоа:
“Ја поздравуваме одлуката на националните институции да ги суспендираат сите исплати од ИПАРД 3 додека не се разјаснат околностите. Со оглед на тоа дека во моментов во тек е истрага, не би можеле да дадеме дополнителни коментари – велат од Делегацијата.”
По ова, секој нареден прес на СДС може да се земе единствено како димна бомба за сокривање од партиските превирања и несогласувања во СДС и се посилните барања за оставка на Филипче“.
Македонија
Положено цвеќе пред споменикот на Драго Маневски, македонски бранител и припадник на безбедносните сили
Со положување свежо цвеќе пред спомен-плочата на припадникот на македонските безбедносни сили, Драго Маневски, беше одбележана 24-годишнината од неговата смрт.
Делегација од Општина Илинден предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, положи свежо цвеќе пред споменикот на македонскиот бранител и херој од 2001 година.
Драго Маневски, роден во Марино во 1966 година, го загуби животот на 11 ноември 2001 година во село Требош, како припадник на безбедносните сили на Република Македонија, борејќи се за својата татковина.

