Македонија
Разбиена македонско – српска нарко мрежа за шверц на хероин
Тројца Македонци и осум Срби се вмешани во шверцот на 170 килограми кокаин кој пред неколку дена беше запленет на пристаништето во Солун.
Тројца Македонци и осум Срби се вмешани во шверцот на 170 килограми кокаин кој пред неколку дена беше запленет на пристаништето во Солун.
Во заедничка акција на српската, македонската и грчката полиција „Соја“, уапсени се вкупно единаесет лица кои учествувале во криминалната група и сакале кокаинот да го пренесат од Боливија, Јужна Америка, во Србија.
Пред повеќе од една недела на пристаништето во Солун биле запленети 169 килограми кокаин сокриен во преси со соја сместени во контејнер. Фирмата испраќач била од Боливија, како примач на стоката била наведена фирма од Скопје, чии податоци српската криминална група ги злоупотребила.
Главен организатор на пратката била српската криминална група, а македонските државјани биле ангажирани за преземање и транспорт на контејнерот од Солунското пристаниште до Србија.
Тројцата Македонци, Николче Нечевски и Миле Лазоровски од Битола и Есад Сејдиу од Куманово требало да изготват документација за фирмата која требало да изврши подигање на контенјерот и да го организираат транспортот на контенјерот до Србија.
Македонската полиција вчера привела четири лица и две биле повикани на разговор, но од нив тројца добиле кривична пријава.
Кокаинот бил исклучително квалитетен, со чистота од 78 проценти. Неговата вредност на наркопазарите во Европа би можела да достигне до осум милиони евра со продажба на големо, додека на мало би достигнала над 25 милиони евра.
Кај Ничевски при претрес на неговиот дом било пронајдено и оружје кое го поседувал без дозвола, па против него ќе биде поднесена кривична пријава и за ова дело. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски: Техничката влада не се укина за изборите во 2024 година за ДУИ да добие премиер
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, вечерва беше гостин во Тема на денот на Сител телевизија, каде се осврна и на актуелната тема за укинување на техничката влада за што истакна дека истата била воведена како привремено решение за кризата во 2015 година. Тој вели дека нејзиното укинување во 2024 година било спречено поради договор меѓу СДС и ДУИ со цел ДУИ да добие премиер, како што и се случи, и како што вели тој, беше спротивно на изборните правила и волјата на граѓаните.
„Во 2015 година оваа техничка влада беше договорена во еден сосема друг политички контекст и беше решение на една политичка криза. До следните редовни парламентарни избори ќе поминат 12 и пол години од таа политичка криза и од договорите кои што тогаш се правеа. Оваа техничка влада го надмина времето и причините за кои што беше создадена и ние сме единствена држава од нормалните демократии во Европа, која што го прави, и на ова треба да се стави точка и да заврши затоа што ни треба нормално функционирање на државата“, вели Николоски.
„Ние го инициравме тоа, но единствената причина зошто не се укина техничката влада за изборите во 2024 година беше договорот помеѓу СДС и ДУИ, да ДУИ добие премиер, и тоа се случи, Талат Џафери стана премиер, што беше вон сите изборни правила, и вон волјата на народот, и затоа завршија на избори како што завршија“, рече Николоски.
Македонија
(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Ангела Агелер.

На средбата, министерот Тошковски изрази благодарност за нејзината посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на унапредувањето на безбедносниот систем и јакнењето на институционалните капацитети. Тој ја истакна значајната улога на амбасадорката Агелер во продлабочувањето на соработката меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Министерот упати благодарност и до Амбасадата на САД за силната и континуирана поддршка на Македонија, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се стратешки партнер и важен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и евроатлантската ориентација на државата. Во тој контекст, беше потенцирана и одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и американските институции преку заеднички проекти, обуки и размена на експертиза.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија
Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство, известуваат од Министерството.

Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој.

