Македонија
ЗНМ, МИМ и Синдикатот реагираат за згаснувањето на А1 ТВ

Начинот на кој Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ја укина фреквенцијата на националната телевизија А1 претставува груба повреда на Законот за радиодифузната дејност и на надлежностите на Советот за радиодифузија, реагираат од
Начинот на кој Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ја укина фреквенцијата на националната телевизија А1 претставува груба повреда на Законот за радиодифузната дејност и на надлежностите на Советот за радиодифузија, реагираат од Здружението на новинарите на Македонија, Македонскиот институт за медиуми и Новинарскиот синдикат. „Укинувањето на фреквенцијата е направено без одлука за одземање на дозволата на А1 од страна на Советот за радиодифузија, кое е единственото тело надлежно за спроведување на Законот за радиодифузната дејност. Согласно членот 55 од овој Закон, одобрението за користење фреквенции, АЕК го издава само врз основа на одлука за доделување дозвола за радиодифузна дејност, од што јасно произлегува дека АЕК не може своеволно да го одземе ова одобрение без акт на Советот за радиодифузија“, се вели во нивното заедничко соопштение.
Тие нагласуваат дека ваквата повреда на законската постапка е спротивна на Препораката 2000 (23) на Советот на Европа за независните регулаторни тела во радиодифузијата, според која овие тела се единствено надлежни за доделување и одземање на дозволите на радиодифузерите, а фреквенцијата на која зрачи радиодифузерот е само технички аспект на дозволата со кој се овозможува емитувањето на програмата.
„Ваквиот преседан сериозно ја загрозува слободата на изразувањето, независноста на медиумите и независноста на регулаторното тело во радиодифузијата. Суспендирана е правната држава и владеењето на правото, со што се поставува модел на однесување според кој дозволите за работа на радиодифузерите и во иднина можат да бидат одземени без да се почитуваат процедурите, законот и меѓународните стандарди“, се вели во соопштението.
ЗНМ, МИМ и Синдикатот на новинари и медиумски работници бараат Советот за радиoдифузија итно да се произнесе за настанатата ситуација и „да престане со тактизирање и со пролонгирање на своите постапувања, и сериозно да се заложи за спроведување на Законот за радиодифузната дејност“.
„Во спротивно, регулаторно тело кое не може да го спроведува Законот и да ја заштити независноста на медиумите никому не му користи и прашање е зошто воопшто постои“, реагираат тие./крај/со/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму

Изборот кој не враќа назад е веќе виден на централно ниво. Имаа седум години можност да покажат и докажат дека навистина се борат за нивниот дом, т.е нашиот заеднички дом, нашата татковина Македонија. Но видовме дека тие се борат само за нивните хациенди на Халкидики, во Дубаи и скапите јахти коишто ги возат за време на летото по Егејското крајбрежје. Тоа е за нив поимањето на терминот „се бориме за нашиот дом“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во општина Лозово во рамките на кампањата под слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за локалните избори закажани за во недела на 19 октомври.
Мицкоски порача дека токму затоа е убеден дека нема друга алтернатива ниту за Македонија, ниту пак за Лозово, како составен дел од државата, а тоа сегашниот и идниот градоначалник, Бошко Цветковски и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Мицкоски се осврна на трите суштински ветувања во измината изборна кампања ан ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори кои се исполнија до сега во овие 15 месеци власт, како линеарното покачување на пензиите не само за 5000 денари, туку до март истите ќе се покачат за вкупно 7000 денари за сите пензионери, како 500 милиони денари од владата за општини за реализација на капитални проекти кои го подобруваат животот на граѓаните.
„Третото суштинско ветување беше дека онаа политичка партија, нереформирана, партија којашто во своето раководство има луѓе за кои постои основано сомневање дека сториле криминал, а тоа е партијата која ја предводи Али Ахмети, ДУИ дека нема да биде дел од владата и дека ќе биде опозиција. Како што може да видите тие веќе 15 месеци се во опозиција и вака нереформирани, како што се денес, мислам дека уште долго време ќе бидат во опозиција“, истакна Мицкоски.
Додаде дека и покрај сите предизвици коишто ВМРО-ДПМНЕ ги имаше при преземањето на власта од првиот ден па се до денес, при што беа затечени проблеми за коишто се знаеше дека најголем дел од нив постојат, но со влезот во институциите следеше непријатно изненадување дека државата е речиси пред банкрот, а институциите и темелите на државата беа комплетно разрушени.
„Но, не очајуваме, туку ги засукаме ракавите и почнавме да работиме. А тоа е впрочем она коешто ние го ветувавме за време на кампањата во 2024 година, каде што ветивме многу работа, чесна и напорна“, рече Мицкоски.
Затоа Мицкоски повика масовно да се излезе на гласање и да се гласа за ВМРО-ДПМНЕ со заокружување на бројот 9, за да продолжи работата и напредокот на државата.
Македонија
Цветковски: Лозово ќе добие нов инфраструктурен лик и повеќе зелени површини

Кандидатот за градоначалник на општина Лозово, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бошко Цветковски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека ќе продолжи транспарентно и одговорно да работи преку реализација на се она што е предвидено во програмата, како вложувањето во инфраструктурата, градење на нови паркови, за почиста општина и промоција на индустриската зона за подобар економски стандард на жителите во Лозово.
„Се обврзувам дека ќе работам на квалитетно инфраструктурно уредување на општината, зголемување на зелените површини, градење на нови паркови, континуирано и темелно чистење на сите јавни простори, како и посоодветно управување со ѓубрето и отпадот, вклучувајќи го поттикнувањето за унапредување на процесите на собирање, сортирање и отстранување на неговите остатоци. Ветувам дека ќе работиме на промоција на индустриската зона со цел да создадеме адекватни услови за отворање на работни места, како и развивање и спроведување на редица економски трансформативни иницијативи и активности, кои ќе значат дополнително привлекување на странски инвеститори и унапредување на квалитетот на нашиот економски стандард и живот“, вели Цветковски.
Кандидатот за градоначалник на општина Лозово Бошко Цветковски, истакна дека ќе вложува во зголемување на сообраќајната безбедност, во образованието, но посочи дека ќе вложи напори и во унапредување на социјалните услуги за мирна, безбедна и просперитетна општина Лозово.
„Подготвен сум да вложам максимални напори на планот на зголемување на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот, да ја поттикнам заедничката и координирана соработка и ангажман на граѓаните и полицијата, да предложам активности и мерки во насока на намалување на девијантните појави. Ќе дадам силна поддршка на проектите кои се насочени кон дополнителни вложувања во јавното образование, подобрувањето на образовната инфраструктура, унапредување на образовниот процес, што истовремено ќе значат унапредување на севкупните услови, знаења и вештини на учениците. Ќе се залагам за унапредување на социјалните услуги за семејствата и посебно поддршката на родители, жените и децата кои се дел од социјално ранливата категорија. Заеднички посакуваме Лозово да биде модерно, забавно, мирно, безбедно, економски просперитетно и атрактивно катче за живеење и стопанисување“, рече Цветковски.
Македонија
Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во Виница укажа дека со сегашните ниски плати, високи стапки на инфлација, младите не гледаат перспектива во својата татковина.
„Нема достоен живот кога Македонија е претпоследна во Европа според висина на минимална плата со многу ниска куповна моќ. Младите заминуваат – не затоа што не ја сакаат Македонија, туку затоа што таа не им нуди перспектива. Со оваа ненародна власт животот е сè потежок за сите“, рече Филипче.
Сите ние како што кажа Филипче ја чувствуваме раката на погрешна државна политика, каде кадрите на ВМРО-ДПМНЕ низ локалните и централните нивоа создаваат синџир на неспособност и безредие.