Македонија
Прва средба на новиот Министер за труд и социјала со лидерите на синдикатите
Спиро Ристовски, министерот за труд и социјална политика на својата прва официјална средба како министер, со најголемите работнички синдикати, денеска договори поинтензивна работа во однос на правата на работниците,
Спиро Ристовски, министерот за труд и социјална политика на својата прва официјална средба како министер, со најголемите работнички синдикати, денеска договори поинтензивна работа во однос на правата на работниците, нивната безбедност, сузбивање на сивата економија и поскоро утврдување на најниската плата во државата.
„Се договоривме дека во следниот период ќе имаме многу поинтензивни средби многу поинтензивен економско социјален дијалог во секоја форма со кој што ќе ги подобруваме правата на работниците во Македонија којшто ќе се однесуваат на остварување на нивните елементарни права ,на нивната безбедност и здравје при работа а секако и заеднички да помогнеме со поддршка и помош на синдикатите во насока на сузбивањето на сивата економија и на непријавените работници“, рече Ристовски по неговата средба со претседателите на трите македонски синдикати, ССМ, СОНК и УНАСМ.
Прашан околу утврдувањето на минималниот износ на плата ,новиот министер рече дека тоа „не е прашање на лицитација и наддавање со бројки и треба да се утврди врз основа на сериозна анализа“.
„Сепак е тоа прашање кое има рефлексија и врз синдикатите и врз работодавачите и конечно врз државата и мислам дека е многу несериозно во оваа фаза да лицитираме со бројки и со износи. Можам само да потврдам дека во следниот период тоа ќе биде еден од врвните приоритети кои заедно со нашите социјални партнери низ процес на анализа ќе го утврдиме точниот износ.“, рече Ристовски.
Живко Митревски, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, во врска со утврдувањето на износот на минималната плата, рече дека од нивна страна ќе биде испорачана една експертска анализа заедно со меѓународната организација на трудот бидејќи, како што кажа сакале да произлезе една прифатлива цена и за синдикатите и за Владата но и за работниците.
Едно од прашањата кое ќе има апсолутен приоритет е усогласување на нашето работно законодавство со европската легислатива и најконкретно можам да кажам дека веднаш по доаѓањето на новиот министер започнаа со работа Комисиите и веќе е изготвен текстот за имплементација на европската директива за формирање на Европски совети на работниците.
Во однос на честото кршење на правата на работниците дури и кога се ангажирани на проекти кои ги финансира државата, министерот Ристовски рече дека ќе бидат ригорозни без разлика кој ги финансира градбите и проектите.
„Правата на работниците без разлика кој финансира или кој е работодавач се идентични и ние во тој дел ќе бидеме безмилосни .Односно правата на работниците ќе ги заштитиме по секоја цена без разлика кој е работодавач и без разлика чии средства се користат во изработка на некои проекти и градби.“, порача Ристовски./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на култната фонтана „Лотос“ во Градскиот парк
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, објави видео во кое вели дека култната фонтана „Лотос“ повторно го добива својот сјај.
„Започната е целосна реконструкција на фонтаната која се наоѓа на влезот од Градскиот парк – место што со децении претставува препознатлив белег и симбол на Скопје, но кое за жал со години беше запуштено.
Со проектот е предвидена целосна обнова на фонтаната, како и уредување на плоштадот околу неа. Се поставува нова урбана опрема и современо осветлување, со што просторот ќе добие нов, модерен и достоинствен изглед, соодветен на значењето што го има за градот и граѓаните.
Ова култно катче, еден од најпрепознатливите симболи на Скопје, повторно ќе стане место за средби, прошетки и споделени моменти. Простор каде што генерации скопјани ќе се собираат, ќе создаваат спомени и ќе уживаат во уреден и квалитетен јавен простор, онака како што Скопје заслужува.
Градот го обновуваме чекор по чекор, со јасна визија и конкретни дела. Скопје го правиме заедно. По скопски!“, изјави Ѓорѓиевски.
Македонија
Општина Центар и Амбасадата на Чешка му оддадоа почит на Роберт Гајдик
Денес се одбележуваат 84 години од прерано згаснатиот живот на Роберт Гајдик Славко, истакнат борец и партизан во Народноослободителната борба.

Со полагање свежо цвеќе, Н.Е. Амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва и военото аташе на Република Чешка, претставници од Општина Центар, Сојузот на борци и Здружението на пензионери на Општина Центар, жители од Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ и негови почитувачи му оддадоа почит.

Исто така, во чест на празникот Василица, во Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ се вртеше паричка, а среќниот добитник беше Владе Левковски, претседател на пензионерскиот огранок „Невена Георгиева Дуња”.

Преку овој симболичен настан, секоја година му се оддава почит на интернационалниот борец, симбол на истрајност и борба за слобода против окупаторот.

Општина Центар со години го чествува и негува споменот на Роберт Гајдик и неговото дело.

Македонија
Ако СДС се сомнева за некаков вид на криминал или корупција нека се јават на нивните судии и обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС повторно растура пердуви во јавноста со цел да прикаже некаква поврзаност на ВМРО-ДПМНЕ со некакви фирми и да шири лаги и манипулации, велат од партијата на власт.
„Кога во нивно време, тендерите и набавките беа синоним за криминал и корупција, и по „дифолт’’ одеа кај фирмите на семејствата на Заев и Филипче, денес тоа повеќе не е така.
Сите тендери и јавни набавки кои се спроведуваат се законски, отчетни и транспарентни.
Ги прашуваме СДС, дали човек смее да има фирма/бизнис, да учествува на тендер/набавка и да биде член/симпатизер на политичка партија? Дополнително, дали има некаков вид на криминал или корупција во тендерите? Ако се сомневаат во нешто, нека се јават на нивните обвинители и судии, сигурни сме дека ќе им помогнат“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

