Македонија
Ќе се гради спортска сала во основно училиште во Петровец

Учениците од основното училиште „Кочо Рацин“ во општина Петровец за девет месеци ќе добијат спортска сала. Денеска беше поставен камен–темелник за изградба на спортска сала во ова училиште
Учениците од основното училиште „Кочо Рацин“ во општина Петровец за девет месеци ќе добијат спортска сала. Денеска беше поставен камен–темелник за изградба на спортска сала во ова училиште, како дел од проектот за изградба на 145 училишни спортски сали.
Министерот за образование, Панче Кралев го продолжи проектот којшто го започна неговиот претходник, Никола Тодоров.
„Осумстотини ученици во ’Кочо Рацин’ по девет месеци ќе имаат можност да спортуваат“ изјави Кралев.
На отворањето учествуваше и премиерот Никола Груевски кој рече дека Владата се решила на овој проект по едно истражување кое што покажало дека една третина од младите кои излегуваат од основните училишта имаат проблеми со рбетниот столб.
Спортски сали ќе се градат во сите училишта со над 300 ученици. Тој најави градење на тениски игралишта во општината мултифункционални игралишта како и реновирање на училиштето „Кочо Рацин“./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од општините Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од булевар Борис Трајковски – крак 20 во Усје. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Божидар Рајковиќ, дел од корисниците од улиците Горноврановска и Горно Лисиче (општина Аеродром ) како и дел од корисниците лоцирани околу улицата Брсјачка Буна бр. 163. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги информира граѓаните дека, денеска:
· Поради изведување на водоводен приклучок ф 100 мм на улицата Призренска 22 бр.46Е, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Призренска 22 од 10:00 часот до завршување. (Општина Бутел)
Македонија
Променливо облачно време со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер (над 60 километри на час). Кон крајот на денот облачност ќе се намали.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачност ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во четврток времето ќе биде посвежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 километри на час). Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.