Македонија
ВМРО ДПМНЕ : СДСМ во својата кампања ги прекрши законите

Повлекувањето на основниот финансиски извештај за изборната кампања и поднесувањето нови, веројатно фризирани, до Антикорупциската комисија и другите надлежни институции, само се доказ дека СДСМ во својата кампања ги има прекршено законите во Република Македонија.
Повлекувањето на основниот финансиски извештај за изборната кампања и поднесувањето нови, веројатно фризирани, до Антикорупциската комисија и другите надлежни институции, само се доказ дека СДСМ во својата кампања ги има прекршено законите во Република Македонија.
Ова е реакцијата на владеjачката ВМРО – ДПМНЕ по рекацијата на опозициската СДСМ дека се тотална невистина наводите што ги соопшти денеска Антикорупциска комисија, дека СДСМ три недели по истекот на законскиот рок за доставување на конечниот извештај за финансирање на изборната кампања ги повлекле конечните извештаи во кои беа констатирани незаконитости и до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) доставиле нови.
„Со повлекувањето на извештаите, СДСМ и А1 сакаат да го прикријат фактот дека СДСМ и’ должи на А1 околу 10 милиони евра за реализирани услуги во кампањата. За тоа говореше и Зоран Стефановски, Претседател на СРД, кадар и активист на СДСМ. Ваквиот обид на СДСМ да ја прикрие бизнис релацијата со А1 само ги прави соучесници во прикривањето даноци и прекршувањето на одредби од Законот за радиодифузна дејност во Република Македонија. На тој начин освен што се прекршени низа закони е оштетена и државата“, пишува во рекацијата на ВМРО -ДПМНЕ.
Оттаму денеска ги повикаа сите надлежни институции да извршат длабинска и целосна контрола на финансиското работење и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ./крај/со/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска Кисела Вода и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, информира дека денеска ќе има прекин на водоснабдување на улицата Невена Георгиева Дуња поради изведување на водоводен прикључок од Ф100.
Без вода ќе бидат корисниците од улицата Невена Георгиева Дуња, улицата Дренак, улицата Виктор Иго и улицата Драга Стојановска во општина Кисела Вода. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09 часот до завршување на санирарањето.
Oд 09 часот поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Демир Трајко 64а ќе има прекин на вода на следните улици Демир Трајко, дел од улицата Ванчо Мицков и булеварот Партизански Одреди на Крак 1, 3, 5, 7, 9, 11 до завршување на истиот, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска, променливо облачно со повремен локален дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во среда ќе има преодно стабилизирање на времето, а нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува во четврток кон крајот на денот и во петок.