Македонија
Медицински стипендии за уште 83-ца Роми
Осумдесет и три Роми, ученици и студенти од денеска до 13-ти август учествуваат на летниот камп во Охрид како дел од Програмата за медицински стипендии за Роми, на Фондацијата Отворено Општество Македонија (ФООМ).
Осумдесет и три Роми, ученици и студенти од денеска до 13-ти август учествуваат на летниот камп во Охрид како дел од Програмата за медицински стипендии за Роми, на Фондацијата Отворено Општество Македонија (ФООМ).
Како што информираат од ФООМ, на конкурсот за медицински стипендии за учебната 2011/2012 се пријавиле вкупно 126 кандидати од кои 83 се селектирани во полуфиналната фаза , пред конечната селекција.
„Целта на летниот камп е, кандидатите за стипендии да се стекнат со знаења и вештини кои ќе ги користат во застапувањето за унапредување на пристапот до здравствена заштита на Ромите“, наведува ФООМ.
Содржината на програмата на кампот се состои од обуки за комуникациски и презентациски вештини, обуки за здравство и маргинализирани групи, здравствени политики, како и обука за менаџмент и лидерство во здравството.
Ова е втора година од реализацијата на Програмата за медицински стипендии за Роми преку која се обезбедува поддршка за медицинско образование и зголемување на бројот на Роми со завршено медицинско образование.
Минатата година се пријавија 87 кандидати од кои само 48 добија стипендија.
Финансиските средства за оваа програма се обезбедени од Ромскиот образовен фонд и Програмата за Ромско здравје на Фондацијата отворено општество од Будимпешта./крај/со/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Минатата недела „пајакот“ кренал 101 возило во Општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 02.02 до 08.02.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 101 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопштија од претпријатието.
Македонија
„На сите им е јасно дека без поддршка и логистика од врвот на власта не е возможно да се шверцуваат 5 тони дрога“, велат од СДСМ
„После цела недела од објавувањето на картелскиот скандал со заплена на 5 тони дрога од Македонија во Србија нема одговор на клучното прашање: како 5 тони дрога поминала преку македонската граница? Станува збор за огромна количина на дрога. Пет, десет, можеби и повеќе шлепери со дрога ја поминале границата, а нема приведени, нема осомничени, нема информација кој се е замешан“, велат од СДСМ.
„Како е можно од самиот центар на Скопје да излезат 5 тони дрога и ‘лесно невидливо’ да ја преминат границата и да заминат за Србија? Каде се камерите на „Safe City“? Каде била полиција? Каде била Мобилна цaрина? Зошто немало контроли? Што правеле АНБ и АР?
На сите им е јасно дека без поддршка и логистика од врвот на власта не е возможно да се шверцуваат 5 тони дрога. Од медиумите видовме дека случајот во Србија е поврзан со сестринската партија на ВМРО- СНС како и со државни функционери.
Прашањето е кој се е вмешан од структурите во Македонија и кој дозволил 5 тони дрога да поминат преку граница? Мицкоски, Тошковски, Тарчуловски, Николовски, началници, раководители, инспектори, службеници. Кој?
Заплените кои ги прави власта не се одговор на главните прашања туку дефокус од скандалот со 5 тони дрога. Но и тоа не може да ја спаси власта. Доколку се запленети нелегално произведен и складиран канабис во Македонија, тогаш повторно одговорноста е кај власта и кај никој друг.
Затоа што дозволиле нелегално да се произведува и складира марихуана изминатите две години. Одговорноста за картелскиот скандал со 5 тони дрога која од Македонија завршила во Србија води директно до врвот на владата. Нема бегање. Сите ќе одговарате!“, соопштуваат од СДСМ.
Македонија
„Немирната совест го натера Заев на панични реакции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во неделата рано изутрина. Нервозната реакција е јасен знак дека Заев се чувствува директно погоден и разоткриен, откако вистината почна да излегува на виделина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Факт е дека токму владата предводена од Заев го постави темелот на бизнисот со марихуана во Македонија. Околу 70% од запленетата дрога е поврзана со фирма блиска до СДС, „ЦБД Медплант“, чиј основач е Тони Котев (Мгчев), поранешен претседател на општинскиот одбор во Ново Село, човек поврзан со Вице Заев. Фирмата, формално во сопственост на неговиот син, за помалку од шест месеци испорачала 19 тони марихуана.
Фирмата на Мгчев добива одобрение за работа во време кога владата ја предводеше Заев, а Филипче беше министер за здравство, поточно во 2020 година.
ВМРО-ДПМНЕ уште тогаш укажуваше дека лиценците за одгледување марихуана за медицински цели се доделувале исклучиво на фирми блиски до власта, а не според законски услови.
Медицинската марихуана била параван за организиран криминал во огромни размери.
Јавноста има право да знае и зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија.
Апелираме до Јавното обвинителство да ја истражи вмешаноста на Заев и Филипче во овој случај и да ги објави сите сознанија. Борбата против криминалот е јасна, а на наркокартелот на Заеви му доаѓа крајот“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

