Македонија
Милчин: На власта и’ пречат моите ставови

Паушално, без никакви докази, со намерно извртени наводи, за да се прикаже дека сум соработувал со СДБ.
Паушално, без никакви докази, со намерно извртени наводи, за да се прикаже дека сум соработувал со СДБ.
Вака поранешниот декан на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а сега професор на овој факултет и директор на Фондацијата Институт отворено општество, Владимир Милчин, го оцени решението на Комисија за верификација (за лустрација) според кое тој бил соработник на поранешните тајните служби.
„Причината за ова е јасна. Јас и натаму тврдам дека на власта ѝ пречат моите ставови со кои се застапувам за демократско општество. Затоа Комисијата за верификација на фактите е искористена за нарушување на мојот личен авторитет“ се вели во писмената изјава на Милчин.
Тој најави дека во законскиот рок ќе поднесе тужба до надлежниот суд со којашто ќе го оспори донесеното решение.
За него зачудувачки е што на решението имало назнака „Строго доверливо“, а наводите од него претходно бил прераскажувани во провладините медиуми.
„Ова покажува дека целиот случај е хајка, а останува отворено прашањето кој ги давал доверливите податоци пред воопшто формално да биде донесено решението. Согледувајќи го начинот и тенденциозноста на решението, неизбежен е заклучокот дека ќе следат нови постапки против други лица кои јавно искажуваат критички ставови“ вели Милчин.
Тој има право во рок од осум дена од добивањето на решението да поднесе тужба до Управниот суд, а потоа евентуална жалба до Вишиот Управен суд.
Вчера Комисијата за лустрација по низа несогласување меѓу членовите и прегласување, донесе решение дека Милчин соработувал со тајните служби. Претходно дел од членовите обвинија дека првичното решение не е легитимно, бидејќи за време на гласањето не биле присутни седум членови, односно не било обезбедено двотретинско мнозинство, потребно за да се донесе вакво решение.
Прв лустриран функционер беше поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски. Освен него лустриран беше и лидерот на Сојузот на титови леви сили, Слободан Угриновски, поранешен судија на Врховен суд и двајца кандидати за пратеници кои не влегоа во Парламентот.
Во меѓувреме, медиумите јавија дека се откриени имиња на четворица академици во досиејата на тајните служби.
Но засега е непознато во која улога се нашле нивните имиња во документите, па Комисијата треба дополнително да провери дали академиците биле жртви, односно биле следени или биле соработници на тајната полиција. крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Синоќа повторно предизвикан пожар во „Дрисла“

Синоќа пред 23.00 часот повторно беше предизвикан пожар во депонијата Дрисла, на сосем друго место, подалеку од местото кое беше активно претходните денови, соопшти директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
„На лице место веднаш се упатија скопските пожарникари кои започнаа со гаснење но поради спецификата на пожарот беше потребно истовремено затрупување на опожарената површина поради што се активираа градежни машинити кои веќе беа таму со тоа што брзо пристигнаа нивните возачи“.
Еден час подоцна, појаснува Ангелов, пожарот бил изгаснат и затрупан со што како што нагласува, е спречено ширење на огнот во главнината на депонијата.
Македонија
„Марш за Ангелите” во Кочани и мирен протест во Скопје: шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица. По тој повод, родителите на починатите организираат „Марш за Ангелите”.
Маршот ќе почне во 15:35 часот од „Паркот на Револуцијата“ и ќе се одвива по веќе востановената маршрута – општинска зграда, УЈП, полиција, кочанскиот суд и обвинителство, а ќе заврши повторно во „Паркот на Револуцијата“.
Од иницијативата „Кој е следен“ повикуваат на мирен собир на плоштадот во Скопје. Собирот е најавен за во 20 часот и 16 минути.
„Ова не беше несреќа. Не беше трагедија. Беше масакр. Свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел. Не смееме да отрпнеме. Болката мора да ја почувствуваме сите заедно. Таа болка треба да не разбесни и да не поттикне на акција. Вистинската борба за живот или смрт е токму борбата за Кочани“, велат организаторите.
Семејствата на загинатите преку „Марш на ангелите“ во Кочани секоја сабота веќе шест месеци бараат одговорност и правда за нивните деца, а протести се организираа и во други градови.
Македонија
Изгаснат е тежок пожар пред Пинтија, под контрола се пожарите во „Дрисла“ и Трубарево, активен е пожарот на Кожуф

Рано утрово пред четири часот изби тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над Стаклара во местото наречено Каменик) во кој имаше повеќе автомобили, уље и други запаливи предмети, информира утрово директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Тој додаде дека БППЗ Скопје веднаш излегле на лице место и со 8 возила после тешка борба со огнот, пожарот бил изгаснат пред 6.00 часот.
Според последните информации од ЦУК до 07:00 часот утрово на територијата на Р.С.Македонија има вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои 1 е активен, под контрола се 2 пожари, а изгаснати се 10 пожари.
Активни: 1
1. Општина Гевгелија: Кожуф планина кај с. Петрово (приземен пожар, лисна маса);
ПОД КОНТРОЛА: 2
1. Општина Студеничани: Депонија Дрисла (ѓубре);
2. Општина Гази Баба: с. Трубарево (електричен отпад);
Изгаснати: 10
1. Општина Пробиштип: нас. Калниште – с. Добрево (висока дабова шума и нискостеблеста вегетација);
2. Општина Кочани: м.в. Царев Врв, Осоговски Планини (ниска вегетација и стрништа);
3. Општина Шуто Оризари: ул. Нов Живот (ѓубре);
4. Општина Гази Баба: ул. Перо Наков (ѓубриште);
5. Општина Студеничани: с. Горна Количани (ниска вегетација);
6. Општина Врапчиште: с. Неготино (ниска вегетација);
7. Општина Долнени: с. Лажани (ниска вегетација);
8. Општина Демир Хисар: Грејшки Пат (ниска вегетација);
9. Општина Куманово: градски гробишта (ниска вегетација);
10. Општина Липково: с. Оризаре (стрниште).