Македонија
Поддршка од Велика Британија за реформите во јавната администрација
Поефикасна имплементација на Стратегијата за реформа на јавната администрација, развиена, високо професионална и одговорна државна јавна служба со подобрени деловни резултати и меѓународно признаени
Поефикасна имплементација на Стратегијата за реформа на јавната администрација, развиена, високо професионална и одговорна државна јавна служба со подобрени деловни резултати и меѓународно признаени стандарди кои ќе го обезбедат квалитетот во работењето.
Ова е целта на Меморандумот за соработка меѓу Министерството за информатичко општество и администрација и Владата на Велика Британија и Ирска кој што го потпишаа денеска.
Со овој Меморандум за соработка поддршката се планира да се реализира во Зајакнување на капацитетите на Министерството за информатичко општество и администрација за поефикасно управување и следење на реформата на јавната администрација.
Како што најави министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски се планира воведување на модел за управување со човечки ресурси заснован на компетенции и воспоставување на поструктуиран пристап кон стручното усовршување и развој.
„Овој Меморандум за соработка ги дефинира потенцијалните погодности од имплементацијата на програмата Поддршка на реформата на јавна администрација. Долгорочно пак, со реализација на предвидените активности се очекува не само да се придонесе кон подобра и поефикасна државна служба, туку и кон продлабочена соработка со Кралството на Велика Британија и Северна Ирска“ рече Ивановски.
Британскиот амбасадор во Македонија, Кристофер Ивон изрази поддршка за реформите кои што се спроведуваат во јавната администрација, а се дел од евроинтеграциските процеси на земјава.
„Велика Британија е поддржувач на евроинтеграциите на Македонија, затоа ги поддржуваме и реформите во оваа област“ рече Ивон. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.