Македонија
ОБСЕ: Да запре „алармантното“ опаѓање на слободата на медиумите
ОБСЕ порачува да запре „алармантното“ опаѓање на слободата на медиумите
Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ испрати писмо до министерот за надворешни работи, Никола Поповски во кое наведува дека „алармира за драстичниот пад на слободата на медиумите и продолжената репресија“.„За жал, ова е веќе четврт пат во последните два месеци како покренувам разни прашања поврзани со тековното опаѓање на слободата на медиумите. И покрај повторените повици до Владата да ја промени ситуацијата и да покаже респект за заложбите за слобода на медиумите на ОБСЕ, се чини дека ситуацијата се влошува,” се наведува во писмото на Дуња Мијатовиќ.Минатата седмица Советот на МРТ, јавниот сервис, соопшти дека го прекинува мандатот на сите седуммина членови на управниот одбор на МРТ на 31 јули. Мијатовиќ вели дека процесот на именување на нови членови се уште не е започнат и оти со тоа оваа одлука го остава управувачкиот одбор без членови и без можност да функционира.„Од суштинскo значење е кога Советот одлучува за измените во управувачкиот одбор на МРТ да го толкува законот во најдобар интерес во насока на одржување на еден политички и уредувачки независен јавен сервис,” пишува Мијатовиќ.Таа се осврнува и на отпуштањето на Тамара Чаусидис, претседател на независниот синдикат на новинарите од работното место во телевизијата Алсат-М. „Иако овој чекор на Алсат-М ТВ би можел да се прикаже како чиста деловна одлука, всушност таа е индикација за високополитизираната природа на состојбите во медиумите и за стравот од критичките гласови”, посочува Мијатовиќ во писмото.„Овие дејствија се последните во серијата на вознемирувачки настани кои ја погодуваат слободата на медиумите во земјата“, додава таа.Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите оценува дека Агенцијата за електронски комуникации, како што вели, контроверзно одлучила да ја повлече лиценцата за А1 ТВ.„Во меѓувреме се направија измените на Законот за радиодифузна дејност, со кои се зголеми бројот на Советот за радиодифузија од 9 на 15. Дополнителните 6 членови ќе бидат номинирани од тела кои се моментално под контрола на парламентарното мнозинство. Овие амандмани се спротивни на целта на законот, која се состои во обезбедување на политичката независност на регулаторната власт,” напиша Мијатовиќ во претходното писмо упатено до властите на 19 јули.Мијатовиќ им понуди на властите асистенција од страна на нејзината канцеларија при ОБСЕ за да и’ се помогне на земјата да го сврти овој како што вели вознемирувачки тренд и да ги исполни заложбите зацртани од ОБСЕ и меѓународните стандарди за слобода на медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

