Македонија
Меѓународната заедница ќе продолжи да го помага спроведувањето на ОРД
Партнерите од меѓународната заедница ќе продолжат да го помагаат спроведувањето на Охридскиот рамковен договор(ОРД), признавајќи ја неговата важна улога во промоција на долготраен мир и просперитет, како и во патот на оваа земја кон Евроатланската заедница.
Партнерите од меѓународната заедница ќе продолжат да го помагаат спроведувањето на Охридскиот рамковен договор(ОРД), признавајќи ја неговата важна улога во промоција на долготраен мир и просперитет, како и во патот на оваа земја кон Евроатланската заедница. Ова се вели во заедничката изјава на шефовите на мисиите на Европската Унија, НАТО, ОБСЕ и САД, дадена по повод десетгодишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор на 13 август 2001 година. „На почетокот на 2001, земјата се најде на работ на граѓанска војна. Најмногу благодарение на Охридскиот рамковен договор, војната беше избегната, и денеска земјата може одбележи забележителен напредок во правец на создавање стабилно, мултиетничко, мултикултурно и мултирелигиозно општество. Потпишувањето на овој историски документ немаше да биде возможно без храброста и визијата на домашните политички лидери кои ги ставија на страна разликите и поделбите за време на конфликтот во потрага по мирот. Исто така, оддаваме признание на олеснувачкиот процес спроведен од вештите американски и европски дипломати“, се вели во изјавата.Понатаму се повикуваат актуелните политички лидери во Македонија да ја обноват обврската за создавање заедничка и безбедна држава за сите граѓани – без разлика на нивната етничка, полова, религиска и политичка припадност. „Ние ја потврдуваме нашата поддршка за аспирациите за членство во Европската унија и НАТО, така што сите граѓани ќе можат да уживаат во предностите на една стабилна и просперитетна демократија, зајакната со интеграцијата во овие организации“, се вели во изјавата. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.
Македонија
Мисајловски во Брисел: Македонија со НАТО-сојузниците за инвестициите и безбедносните приоритети
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денес ќе учествува на состанокот на ниво министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралство Белгија.
Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји, за време на днешениот останок ќе дискутираат на повеќе теми меѓу кои и инвестициите во одбраната согласно последните одлуки од Самитот во Хаг, исполнување на целите на способност, зацврстувањето на одбраната, придонесот во операциите предводени од НАТО како и за актуелните безбедносни предизвици.

