Македонија
Продолжува конференцијата во Охрид за јубилејот од Рамковниот договор
Десет години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој се стави крај на вооружениот конфликт во 2001 година и се постави рамка за меѓуетнички соживот се навршуваат денеска.
Десет години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој се стави крај на вооружениот конфликт во 2001 година и се постави рамка за меѓуетнички соживот се навршуваат денеска.
По повод 10-годишниот јубилеј во Охрид се одржува конференција која започна вчера со обраќањето на македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
Денеска на продолжението од конференцијата треба да се обратат Ралф Брет, раководител на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, Питер Соренсен, раководител на Европската делегација во земјава, Брајан Агелер, вршител на должност амбасадор на САД во Македонија, Кристофер Ивон, амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Македонија, Питер Фејт- специјален претставник на ЕУ и меѓународен цивилен претставник за Косово, чие присуство сé уште не е потврдено и министерот за надворешни работи Никола Поповски.
Предвидено е учесници на конференцијата да бидат и Даниел Сервер, академски експерт и предавач за конфликтен менаџмент, претседател на Комитетот за односи меѓу заедниците, министерот за животна средина и просторно планирање и поранешен Заменик-претседател на Владата, одговорен за спроведување на Охридскиот договор, универзитетскиот професор Владо Поповски и Ризван Сулејмани, извршен директор на Институтот за политички и интеркултурни студии.
Конференцијата треба да ја затвори, вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Муса Џафери.
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски и почесниот претседател на ДПА, Арбен Џафери, двајца од петтемина потписници на Рамковниот договор, не присуствува на конференцијата.
И Премиерот Никола Груевски кој беше предвидено да учествува не дојде во Охрид.
Оваа конференција е дел од одбележувањето на десетгодишнината од потпишувањето на Охридскиот договор.
Охридскиот рамковен договор е спогодба за внатрешното уредување на малцинските права во Република Македонија, потпишан на 13 август 2001 година. меѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии, и специјални претставници на ЕУ и САД.Охридскиот договор е склучен во текот на ескалацијата на насилства меѓу терористите од албанска националност и македонските бранители во конфликтот во 2001-та.Преговорите се одвиваа во резиденцијата „Вила Билјана“ во Охрид текот на јули и август 2001, каде што е и парафиран договорот на 10 август 2001, па оттаму името Охридски договор.
Преговорите траеја речиси цел месец и во нив учествуваа тогашниот претседател Борис Трајковски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, лидерот на ПДП, Имер Имери, лидерот на ДПА, Арбен Џафери потоа претставници на ЕУ, Франсоа Леотар и Хавиер Солана, претставниците на САД, Питер Фејт и Џејмс Пердју, разни советници и експерти.
По завршувањето на преговорите во Охрид, на 13 август во Скопје договорот го потпишаа: Трајковски, Георгиевски, Црвенковски, Џафери, Имери а како гаранти на договорот се потпишаа специјалните претставници Леотар и Пердју./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) На подрачјата на Маврово и Попова Шапка се воведува кружен тек за да се избегне блокирање на патот, СВР Тетово со апел да се почитуваат сообраќајните правила
Секторот за внатрешни работи Тетово постапува согласно годишен план за постапување во зимски услови во зимските рекреативни центри Маврово и Попова Шапка, но и во целото подрачје што го покрива.
Како и минатата година, така и оваа година на подрачјата на Маврово и Попова Шапка се воведува кружен тек на движење на возилата за да се избегне секој вид на блокирање на патот. Но, поради одредени неодговорни возачи кои не го почитуваат тоа правило дооаѓа до целосно блокирање на сообраќајот. Исто така, проблем претставува и паркирањето на возила покрај патот со што се оневозможува на надлежните институции за целосно чистење на патот и на тој начин уште повеќе се отежнува движењето во сообраќајот, односно на некои делници од патот кон Маврово нема можност за двонасочен сообраќај, велат од СВР Тетово.
Пред почетокот на сезоната, Отсекот за превенција при СВР Тетово во неколку наврати одржа состаноци со менаџери и сопственици на хотели и угостителски објекти во овие два туристички локалитети, при што беше укажано да преземаат соодветни мерки во нивниот делокруг на работа за безбедноста на посетителите, а и во однос на обезбедување на доволен број паркинг места за нивните клиенти.
„За да не се повторат ситуации од претходните години во Маврово и Попова Шапка, кога СВР Тетово дополнително ангажираше полициски службеници од другите полициски одделенија за физичко регулирање со наизменично пуштање на возилата и расчистување на сообраќајот, СВР Тетово апелира до граѓаните, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не ги паркираат нивните возила на коловоз, да ги почитуваат наредбите од полициските службеници и да не тргнуваат кон овие локации без соодветна зимска опрема“, соопштуваат од СВР Тетово.
СВР Тетово ги известува граѓаните дека ќе бидат ангажирани и пајак службите на Тетово и Гостивар секогаш кога некое возило ќе го попречува сообраќајот, односно ќе биде подигнато и законски санкционирано.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на култната фонтана „Лотос“ во Градскиот парк
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, објави видео во кое вели дека култната фонтана „Лотос“ повторно го добива својот сјај.
„Започната е целосна реконструкција на фонтаната која се наоѓа на влезот од Градскиот парк – место што со децении претставува препознатлив белег и симбол на Скопје, но кое за жал со години беше запуштено.
Со проектот е предвидена целосна обнова на фонтаната, како и уредување на плоштадот околу неа. Се поставува нова урбана опрема и современо осветлување, со што просторот ќе добие нов, модерен и достоинствен изглед, соодветен на значењето што го има за градот и граѓаните.
Ова култно катче, еден од најпрепознатливите симболи на Скопје, повторно ќе стане место за средби, прошетки и споделени моменти. Простор каде што генерации скопјани ќе се собираат, ќе создаваат спомени и ќе уживаат во уреден и квалитетен јавен простор, онака како што Скопје заслужува.
Градот го обновуваме чекор по чекор, со јасна визија и конкретни дела. Скопје го правиме заедно. По скопски!“, изјави Ѓорѓиевски.
Македонија
Општина Центар и Амбасадата на Чешка му оддадоа почит на Роберт Гајдик
Денес се одбележуваат 84 години од прерано згаснатиот живот на Роберт Гајдик Славко, истакнат борец и партизан во Народноослободителната борба.

Со полагање свежо цвеќе, Н.Е. Амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва и военото аташе на Република Чешка, претставници од Општина Центар, Сојузот на борци и Здружението на пензионери на Општина Центар, жители од Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ и негови почитувачи му оддадоа почит.

Исто така, во чест на празникот Василица, во Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ се вртеше паричка, а среќниот добитник беше Владе Левковски, претседател на пензионерскиот огранок „Невена Георгиева Дуња”.

Преку овој симболичен настан, секоја година му се оддава почит на интернационалниот борец, симбол на истрајност и борба за слобода против окупаторот.

Општина Центар со години го чествува и негува споменот на Роберт Гајдик и неговото дело.


