Македонија
Охридскиот договор е успешна приказна, смета шефот на дипломатијата Попоски
Избегнување на практиката да се нудат територијални решенија за етнички проблеми, избегнување на насилството, придонес кон градење на толеранција и меѓусебно разбирање и доверба се придобивките, што според шефот на дипломатијата, Никола Попоски, ги донел со себе Охридскиот рамковен договор.
Избегнување на практиката да се нудат територијални решенија за етнички проблеми, избегнување на насилството, придонес кон градење на толеранција и меѓусебно разбирање и доверба се придобивките, што според шефот на дипломатијата, Никола Попоски, ги донел со себе Охридскиот рамковен договор.На вториот ден од Конференцијата во Охрид, посветена на 10-годишнината од неговото потпишување, Попоски посочи дека поради овие придобивки може да се каже дека договорот е успешна приказна. „Сето тоа е на многу повисоко ниво од пред десет години. Доколку ги согледаме овие видувања за кои сите делиме иста перспектива, може да звучи како идеален свет, но тоа не е случај. Се соочуваме со многу неидеалности и мислам дека неколку индикатори ни овозможуваат да видиме каков е тој простор за подобрување во периодот којшто ни престои“, рече Попоски.За евроамбасадорот Петер Соренсен, високата поддршка на македонските граѓани за интеграција во Европската унија само значи потврда дека Брисел со право застанал зад постигнувањето на договорот.„Продолженото спроведување на Охридскиот договор ја демонстрира посветеноста на земјата кон европската иднина. Цврсто верувам дека предизвиците што стојат пред нас ќе бидат надминати на ист начин. Оттаму мојата анализа со процените, има неколку поуки што треба да се извлечат а треба да се спроведат на еден неконфликтен начин, а тоа е ЕУ, локална сопственост, храброст и гледање напред“, рече Соренсен.Според в.д. американскиот амбасадор Брајан Агелер, потпишувањето на договорот пред десет години овозможил приближување меѓу етничките заедници во земјата. „Беше потребна смелост за луѓето со различни гледишта да се здружат за да го потпишат тој договор, да го завршат конфликтот и да се стави рамка за да се изгради една подобра Македонија од која полза ќе имаат сите нејзини граѓани. Храброст сé уште се бара од лидерите на сите заедници во завршување на незавршеното, за да станат и словото и духот на договорот стварност“, рече Агелер во своето обраќање.Предвидено е дводневната конференција посветена на јубилејот да биде заокружена вечерва со прием организиран од вицепремиерот Муса Џафери. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк
Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Уривањето на дискотеките и расчистувањето на просторот веќе е започнато, а нема најава кога ќе почне изградбата на новиот Луна Парк.
Ѓорѓиевски објави видео на кое, како што вели, се отстрануваат старите бесправно изградени дискотеки, со што локацијата се подготвува за реализација на проектот – изградба на Луна паркот во Скопје.
„Ред мора да има! Се расчистува просторот за изградба на луна паркот. Старите бесправно изградени дискотеки во Градскиот парк заминуваат во историјата. Како што ветив, најдоброто за Скопје“, напиша тој.
Македонија
АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира физичките и правните лица дека согласно член 62 став 3 од новиот Закон за инспекциски надзор, кој е во сила од 01.01.2026 година, инспекциските служби на АХВ нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи за спроведување на инспекциски надзор за прашања од делокруг на работењето на институцијата.
Постапувањето по иницијативите кои се уредно поднесени ќе се реализира согласно Процедурата за постапување по иницијативи за инспекциски надзор на АХВ.
Иницијативата може да се поднесе директно до АХВ преку контакт формата Поднесете претставка објавена на интернет страната на Агенцијата, електронски на [email protected], [email protected], како и лично во секоја подрачна единица на АХВ, на соодветен образец за поднесување иницијативи.
„Иницијативата задолжително треба да содржи назив на инспекцијата до која се поднесува, име, презиме и адреса на подносителот, односно, назив и седиште на правното лице, законски застапник или полномошник доколку го има, краток опис на повредата и назначување на субјектот кај кој се бара вршење на инспекциски надзор.
Доколку поднесената иницијатива е нецелосна или нејасна, таа ќе се врати до подносителот кој треба да ја прецизира/дополни во рок кој не подолг од 7 дена. Доколку подносителот не ја дополни иницијативата во определениот рок ќе се смета дека истата е повлечена“, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

