Македонија
„Гардијан“: Александар Велики или Воинот на коњ?
Споменикот кој ја разгори дебатата со Грција околу името на Македонија, од жителите на главниот град е главно оценет како националистички кич, пишува „Гардијан“.
Споменикот кој ја разгори дебатата со Грција околу името на Македонија, од жителите на главниот град е главно оценет како националистички кич, пишува „Гардијан“. Со потегот кој ги вознемири Грците, Александар Велики направи голем кам-бек во Македонија. Џиновскиот споменик на Воинот на коњ има чудна сличност со големиот воин, иако никој официјално не се осмелува така да го нарече, сепак е подигнат во срцето на главниот град на Македонија. Седи на својот омилен постамент, висок 22 метри, односно висок колку осум ката од една зграда, со што споменикот ги прави работите околу него да изгледаат како џуџиња, пишува весникот “Гардијан“ во својата анализа. Понатаму се наведува дека големите булдожери заедно со прашината од центарот на Скопје имаат задача да направат една од најголемите урбани шеми на обновување на земјата во Европа.„И сето тоа се одвива во позадина на 20- годишниот спор на земјата со Грција, кој е јужен сосед на Македонија, во рамки на борбата за сопственост на името. За националистичката влада во Скопје, овој проект е поелоквентен од било која друга пропагандна алатка во долгата битка со Грција околу името и за правото на тврдењето дека Александар е национален херој. Со Грција во економска криза, ова не можеше да дојде во подобро време“, пишува британскиот весник. “Ова е наш начин за да им кажеме, кој ве врти (up your’s to them)“, изјавил Антонио Милошоски, поранешниот министер за надворешни работи за „Гардијан“. Тој додал дека ова е проект за потврдување на македонскиот идентитет во време кога е под закана иднината на името.„Александар Велики, всушност, немаше пасош или извод од матична книга на родени. Ние живееме во географска област каде делиме заедничко минато, но нашиот став кон историјата е инклузивна. За Грците е ексклузивна“, рекол Милошоски.Грција долго време тврди дека во желбата на “словенските соседи“ да се нарекуваат Македонци се кријат територијални амбиции кон грчката провинција која го носи истото име. Од моментот на прогласување на независноста на Македонија во 1991 година, Александар Велики е во центарот на контроверзите. Во последните години не само статуата, туку и скопскиот аеродром го носи името на Александар Велики, пишува „Гардијан“. „Реизбраниот премиер Никола Груевски, како тврдокорен националист кој започна кариера како банкар пред да влезе во политиката, ја продолжува т.н. преродба со изградба на археолошки музеј, народен театар, филхармонија…Поголемиот број на луѓе, според анкетите, проектот го оценуваат како голем кич, а некои сметаат дека носи малку радост по досадата наметната во архитектурата по земјотресот во 1963 година“, се наведува во анализата.Со стапка на невработеност над 35 отсто, а најмалку една третина од населението, според “Гардијан“, Македонија живее на работ на сиромаштијата, и затоа овој проект предизвикува бурни реакции и критики од опозицијата.„Неодамна, владата на Груевски престана да реферира на споменикот како Александар Велики, нарекувајќи го „Воин на коњ“. Можеби ова е пресврт. Едно е сигурно – Грција набљудува. Внимателно“, пишува весникот. /крај/гардијан/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд
Времето утре, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Јавна расправа во Министерството за транспорт: се разгледуваат измени во Правилникот за урбанистичко планирање
Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање.
Целта на истата е на најтранпарентен начин со стручната јавност да се продискутираат предложените измени и дополнувања, велат од министерството.
Предложените измени во Правилникот за урбанистичко планирање имаат за цел да го поттикнат развојот на туризмот, енергетскиот и здравствениот сектор, преку создавање на услови за нови инвестиции, за поефикасно планирање и искористување на просторот.
„Имајќи предвид дека туристичкиот сектор веќе бележи позитивни трендови, преку предложените измени се предвидува можност за стимулирање на изградба на големи хотелски комплекси вон градови, исто така и надвор од заштитени подрачја, надвор од национални паркови, надвор од заштитената зона на Охридскиот регион поврзана со заштитата од УНЕСКО, со што директно се поддржува растот на туризмот и привлекувањето нови туристи во државата, а дополнително се придонесува за отворање на нови работни места.
Со цел да се обезбеди целосна транспаретност и вклученост на јавноста во процесот на носење на одлуки, при носењето на сите планови ќе се спроведуваат јавни презентации. Одржувањето на денешната стручна јавна расправа по однос на донесувањето на измените на конкретниот Правилник е јасен показател за заложбата и отвореноста на Министерството за транспорт за унапредување на регулативата и вклучување на сите засегнати страни“.
Исто така измените на Правилникот за урбанистичко планирање опфаќаат и можност за урбанизација на објекти од областа на терцијарното здравство, како и изградба на батериски системи, кои се од суштинско значење за развојот на енергетскиот сектор.
Министерството за транспорт со своите политики останува посветено на создавање на одржливи решенија кои создаваат баланс меѓу економскиот развој и јавниот интерес на граѓаните.
Македонија
(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени 40 тони запленета марихуана и најавија детална истрага за случајот.
„Денес, заедно со претседателот на владата, со директорот на Бирото за јавна безбедност и остатокот од тимот од МВР, имаме прилика да ги видиме овие 40 тони марихуана запленети во првата фаза од истрагата. Марихуаната е произведувана, складирана и чувана надвор од оние утврдени протоколи, значи незаконски е истата третирана од страна на фирмите од каде што беше одземена“, рече Тошковски.
Тој кажа дека марихуаната привремено е складирана во простории на МВР со цел да се користи во доказната постапка. Тошковски кажа дека истрагата продолжува.
Мицкоски кажа дека акцијата за заплена има за цел да покаже дека никој не е над законот.
„Ова нешто зад мене е дел од 40 тони марихуана, нешто што претставува резултат на погрешна политика што не сакаме да ја повториме. Очекувам дека денес на владина седница ќе биде донесена одлука да се формира комисија и тим кој ќе ја испита работатата на неколку правни лица и ќе утврди кој работи во согласност со законот, а кои се оние што не работат според законот. Сè што се случи во изминатите неколку дена има за цел да покаже дека нема компромис со неправдата и беззаконието и дека никој не е над законот и дека МВР со сиот капацитет ќе се справи со предизвиците кои ги има“, рече Мицкоски.
Тој испрати порака дека криминалот не се исплати и дека сите криминалци ќе бидат фатени и жестоко казнети.
„Сакам да испратам порака до сите кои одлучиле дека криминалот е исплатлива работа, можеби така било во друго време, но денеска криминалот не се исплати, ќе бидете пронајдени и ке бидете жестоко казнети“, рече Мицкоски.

