Македонија
Расте интересот за уписи на Универзитетот „Гоце Делчев“

Близу 2.000 кандидати за студенти поднеле документи во првиот ден од првиот уписен рок на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, соопштуваат од универзитетот.
Близу 2.000 кандидати за студенти поднеле документи во првиот ден од првиот уписен рок на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, соопштуваат од универзитетот. Најголема заинтересираност има за Факултетот за туризам и бизнис логистика, каде биле примени 499 пријави. На Факултетот за медицински науки се пријавиле 381 кандидат. Потоа следуваат Економскиот факултет со 217, Филолошкиот факултет со 157 пријави, па Факултетот за природни и технички науки со 147 пријави. Објавен е и Конкурсот за запишување студенти во втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Гоце Делчев“ за учебната 2011/2012 година. Образованието на универзитет можат да го дооформат кандидати кои имаат завршено соодветен прв циклус на студии, според претходните студиски програми и планови, како и кандидати кои имаат завршено соодветен прв циклус студии според ЕКТС.Од универзитетот известуваат дека датумот за упис на примените кандидати се поместува на 31 август и 1 септември. „Промената се врши поради празникот Рамазан Бајрам, кој е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Останатите датуми за пријавување и упис на кандидатите на Универзитетот „Гоце Делчев“ остануваат исти. Пријавувањето во првиот уписен рок ќе се врши на 16 и 17 август. Во вториот уписен рок кандидатите можат да аплицираат на 1 и 2 септември, а во третиот на 15 септември. Уписите се на 31 август, 1 септември, како и на 14 и 23 септември“, соопштија од УГД./крај/со/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од општините Карпош и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 09:00 – 12:00 часот улицата Иван Аговски зграда бр.10 влез1, општина Карпош;
· Во периодот од 09:00 – 15:00 часот улицата Јабланица, улицата Саса, населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Сончево време со температура до 24 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени, информира УХРМ
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Во четврток кон крајот на денот, во текот на ноќта и во петок под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината.
Македонија
ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски да предложи нови кадровски решенија, одењето на Таравари значи паѓање на уште една маска

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата
Во рамки на седницата, Извршниот комитет го овласти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да предложи нови кадровски решенија на позициите што досега ѝ припаѓаа на Алијансата за Албанците, по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти владината коалиција.
Овој чекор на Таравари беше оценето дека претставува уште еден доказ дека групата на заштитници на криминалот и корупцијата добива нови редови. „Уште една маска падна, уште една илузија беше разоткриена“, пишува во соопштението.
„На политичката сцена се појави нов, добро координиран марионетски квартет: СДС, Алијанса, ДУИ и Левица – различни имиња, но ист газда. Различни маски, но ист сценарист. ДУИ со години инвестираше во создавање на лажни политички конкуренти кои всушност се негови продолжени раце. Така ги добивме СДС и Алијансата на Таравари – партии со речиси идентичен рејтинг, подготвени да бидат потрошени во функција на обидот за враќање на ДУИ на власт. И како што е случај со секоја потрошна роба, така и овие ќе бидат фрлени на политички отпад кога ќе ја завршат својата задача“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, жално е што токму ваквите политички привезоци најдобро се снаоѓаат во улога на сервилни помошници – без став, без визија, без достоинство.
„Но, да биде јасно: државата не оди во провалија. Од провалијата ја вадиме. А тоа што ги боли е фактот што веќе нема амнестии, нема рекети, нема наместени тендери. Боли што правдата конечно тропа на нивната врата. На крајот, нека викаат колку сакаат. СДС, ДУИ и нивните политички вазали веќе се осудени – од граѓаните на изборите. А вистинскиот суд – оној на правдата – допрва доаѓа“, се наведува во соопштението.