Македонија
Прием на барања за легализација во Кисела Вода до 20:30 часот
Канцеларија на едношалтерскиот систем на Општина Кисела Вода поради големиот прилив на барања за легализација на дивоизградените објекти од денеска ќе работи двосменски.
Канцеларија на едношалтерскиот систем на Општина Кисела Вода поради големиот прилив на барања за легализација на дивоизградените објекти од денеска ќе работи двосменски.Како што е соопштено, канцеларијата ќе биде отворена секој работен ден од 08:30 до 20:30 часот, а во сабота од 09:00 до 17:00 часот. Оваа одлука градоначалникот Марјан Ѓорчев ја донесе поради големиот интерес на граѓаните за легализација на дивоизградените објекти во последен момент, односно пред истекот на крајниот рок за поднесување на барање за легализација, кој е закажан за 3-ти септември, се наведува во соопштението.Во ова скопска општина евидентирани се повеќе од 10.000 дивоградби, а досега до општината се поднесени околу 6.500 барања за легализација. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

