Македонија
Охрид: Денот на АРМ со примопредавање на Началник на ГШ
Денеска во Центарот за обука на вода во Охрид, со почеток во 10 часот ќе се одржи централната свеченост по повод 18-ти август – Денот на АРМ, на којашто првпат ќе биде извршена церемонија на примопредавање на должноста Началник на Генералштабот (ГШ) на АРМ.
Денеска во Центарот за обука на вода во Охрид, со почеток во 10 часот ќе се одржи централната свеченост по повод 18-ти август – Денот на АРМ, на којашто првпат ќе биде извршена церемонија на примопредавање на должноста Началник на Генералштабот (ГШ) на АРМ.Како што е најавено, на свеченоста ќе присуствуваат: Претседателот на Република Македонија и Врховен командант, Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, поранешните претседатели на Република Македонија, министерот за одбрана Фатмир Бесими, министри во Владата, пратеници, поранешни министри за одбрана и началници на Генералштабот на АРМ, пензионирани генерали на АРМ, високи гости од повеќе институции во Република Македонија, амбасадори, воени аташеа, високи воени претставници акредитирани во земјава и други високи гости. На централната свеченост по повод Денот на АРМ, првпат ќе се изврши церемонија за примопредавање на должноста Началник на Генералштабот на АРМ, на која должноста ќе ја прими деветтиот Началник на Генералштабот во историјата на АРМ. Според протоколот на свеченоста, со пригоден говор на присутните ќе им се обратат: Претседателот на Република Македонија, Министерот за одбрана, досегашниот и новопоставениот Началник на Генералштабот на АРМВо текот на централната свеченост, во чест на Денот на АРМ во Охрид ќе биде извршен прелет на два борбени хеликоптери Ми-24 од составот на воздухопловниот ВИНГ на АРМ. Инаку, по повод Денот на АРМ со свечен строј и читање на наредби за унапредување во сите единици и касарни на АРМ во Република Македонија припадниците на АРМ ќе го прослават празникот. /крај/со/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

