Македонија
Започнува Втората летна школа на Сивус
Утре, на 20 август започнува Втората летна школа на Сивус “Вештини за вработување на 21 век: Во пресрет на предизвиците на новите технологии”, наменета за најдобрите средношколци од земјата.
Утре, на 20 август започнува Втората летна школа на Сивус “Вештини за вработување на 21 век: Во пресрет на предизвиците на новите технологии”, наменета за најдобрите средношколци од земјата. Школата ќе се одвива во Хотел “Монтана” во Крушево, и ќе трае седум дена.Преку оваа школа учесниците ќе можат на креативен и забавен начин да се запознаат со вештините на 21 век неопходни за успешен развој на кариерата во областа на информатичката технологија. Темата на годинашната школа се новите технологии, кои на овие млади луѓе ќе им бидат повеќе од неопходни во нивните идни ангажмани и работни задачи.Содржините на оваа летна школа се комбинација од предавања и работни задачи (проект) од областа на компјутерската технологија, поточно развој на софтвер (“software development”) и работилници за развој на т.н. “меки” вештини (“soft skills”), како што се презентациските и комуникациските вештини, тимската работа и улогите во тимот, планирање и развој на кариера и слично. Крајната цел на програмата на Летната школа е преку симулација на вистински развоен процес во работна средина, учесниците да добијат целосна слика за развојниот циклус на една софтверска апликација, за креативниот процес, но и за улогите во кои би можеле да се најдат како дел од проектниот тим, како и за сите кои ќе им бидат потребни за успешно функционирање во една организациска средина. За предавањата и работилниците ќе се погрижат врвни професионалци од компанијата, експерти и советници.Летната школа на Сивус ја организира Сивус едукативниот и развоен центар (СЕДЦ), како дел од Сивус програмата за образование и развој, и е само уште една од многубројните активности на во насока на поддршка на младите таленти, ученици и студенти, кои покажуваат афинитети, но и одлични резултати и несомнен потенцијал во сферата на новите технологии./крај/пд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити
Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот суд Скопје 2 против градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.
Тужбата доаѓа по изјавите дадени од Меџити во телевизиска емисија на „Лајм“, каде што тој тврдел дека Таравари за време на својот мандат како министер, издал седум лиценци за фабрики за преработка на канабис.
Според соопштението, пред поднесувањето на тужбата бил даден и законски рок за јавно извинување, кој Меџити не го искористил.
Таравари категорично ги демантираше овие обвинувања, оценувајќи ги како невистинити и клеветнички. Тој претходно најави дека ќе преземе правни чекори доколку не биде упатено јавно извинување за дадените изјави.
Со поднесувањето на тужбата во Основниот суд Скопје 2, случајот сега се очекува да добие институционален тек.
Македонија
Пријава против поранешниот градоначалник на Кичево, го оштетил буџетот за 1,4 милиони денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари, две други лица и еден правен субјект, за злоупотреби и несовесно работење со што го оштетиле буџетот на општина Кичево за сума од над 1.400.000 денари.
„ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(52) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, против Б.К.(46) од кичевското село Аранѓел поради постоењер основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, против Д.С.(41) од кичевското село Длапкин Дол за сторено кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, како и против едно правно лице со седиште во Длапкин Дол“, соопшти МВР.
На 08.01.2025, Ф.Д., во својство на градоначалник на општина Кичево, искористувајќи ја својата службена положба донел план за јавни набавки за 2025 година на општина Кичево спротивно на одредбите од Законот за комунални дејности. Иако, општина Кичево има јавно комунално претпријатие, Ф.Д. сите комунални дејности ги доверил на пријавеното правно лице со седиште во Длапкин Дол со намера да се стекне со поголема имотна корист на штета на буџетот на општина Кичево.
Второпријавениот, одговорно овластено лице за одржување на зелени површини, пропуштил должен надзор и несовесно постапил во вршењето на своите овластувања и должности, додека третопријавениот во својство на управител во правното лице, свесно ги повредил прописите на постапката за јавен повик.
Со тоа, вкупно исплатените парични средства за одржување на зеленилото околу зградата на општината изнесува вкупно 1.457.205 денари на штета на општина Кичево.
Македонија
Меџити го дочека претседателот на Албанија во Чаир
Градоначалникот, Изет Меџити, свечено го пречека во Чаир претседателот на Албанија, Бајрам Бегај кој допатува во тродневна посета на земјата.
Меџити му посака добредојде пред општината, нарекувајќи го брат.
Албанскиот претседател заедно со делегацијата ќе ја посети џамијата „Мустафа Паша“ и Старата скопска чаршија, кадешто ќе има свечен настан.
За утре е превидено, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, да биде домаќинка на Бегај. Албанскиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и албанската делегација.
Во рамки на официјалната посета, претседателот на Република Албанија ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Најавена е и посета на Тетово во сабота.
МВР соопшти дека поради посетата во главниот град деновиве ќе има посебен сообраќаен режим.
Сообраќајот пред општината Чаир попладнево беше целосно блокиран. Автобусите сообраќаа по изменета рута, додека пешаците беа пренасочувани од другата страна на булеварот.

