Македонија
Голем пожар во приватен хангар со луцерка во Ерџелија

Голем пожар избувна денеска напладне во хангар со луцерка во светиниколското село Ерџелија.
Голем пожар избувна денеска напладне во хангар со луцерка во светиниколското село Ерџелија.Според одговорните во противпожарната единица во Свети Николе, пожарот зафатил хангар во приватна сопственост, во кој имало 4.200 бали луцерка.На местото на настанот се испратени две пожарни возила и две екипи, кои се обидуваат да спречат пожарот да се прошири и на други објекти.„Гасењето на пожарот оди многу тешко, бидејќи станува збор за хангар и буквално во него е како во фурна. Нашите екипи и локалното население се обидуваат да спречат ширење на огнената стихија на соседните објекти“, велат за Макфакс одговорните во светиниколската пожарна единица. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во Велес и Кавадарци најтопло- измерени 43 степени

Со измерени 43 степени денеска најтопло било во Велес и Кавадарци, соопшти УХМР.
42 степени биле измерени во Демир Капија, 41 степен во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, и Гевгелија.
Во Битола, Штип и Струмица измерени се 40 степени.
По 39 степени се измерени во Тетово и Виница, 37 во Прилеп, 36 во Охрид и Крива Паланка, 35 Претор, 34 Берово, 31 степен во Крушево, Маврови Анови, 30 во Лазарополе, анајсвежо било на Попова Шапка со зимерени 25 степени.
До крајот на денот според најавите ќе биде сончево и многу топло со слаб западен, а во северните делови умерен северен ветер.
Во текот на ноќтa ќе преовладува ведро време, вдолж Повардариетосо слаб до умерен северен ветер.
Македонија
Нормализиран за сообраќај патот А3 Делчево – граничен премин Делчево

Од 16:00 ч. патот А3 Делчево – г.п. Делчево, кој поради јавен собир беше во прекин е нормализиран за сообраќај.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
На ден 23.7.2025 г. во временски период од 08:00 – 17:00 часот поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот на регионалниот пат во с.Доброшане кон Свети Николе до место викано Студена Вода ќе биде во прекин.
Исто така во време од 09:00 часот до 14.00 часот поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот на стариот пат за Крива Паланка на потег на место викано Салон кај ресторан „Фемили“ па по регионалниот пат Куманово кон граничен премин Пелинце до Меморијален центар АСНОМ во с.Пелинце ќе биде во прекин, информира АМСМ.
Повремено затворање на регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце е планирано и за наредниот ден. (24.7.)
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Видео) Трајчулевски: Ребалансот носи сиромаштија за граѓаните а луксуз за власта

Владата уште еднаш покажа дека нема допир со реалноста. Денешниот ребаланс на Буџетот не е ништо друго освен јасен показател дека оваа власт не само што нема визија, туку и свесно се оддалечува од интересите на граѓаните. Она што требаше да биде алатка за подобар животен стандард и економски развој, се претвори во средство за партиско луксузирање и изборен маркетинг, рече пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулевски, на денешната собраниска седница за ребалансот на буџетот.
Тој потенцираше дека граѓаните заслужуваат буџет што ќе го олесни секојдневието, а не буџет кој ќе ги потценува како гласачи што можат да се купат.
– Наместо развоен, добивме изборен буџет. Повторно нема средства за покачување на минималната плата, но затоа има обиди да се создадат синдикати и синдикални кошнички по мерка на Владата. Потценувањето на работниците, нивниот стандард и достоинство е отворено и грубо. Се фаворизираат одредени компании, додека други се оставени без пристап до субвенционирани кредити. Владата ги крие податоците за тоа кои фирми добиле државна поддршка, што е класична дисторзија на пазарот и дискриминација, рече Трајчулевски.
Тој потенцираше дека дигиталната трансформација се претвори во дигитална стагнација, а министерствата се користат како алатки за авантуризам и политичко самопромовирање.
– Власта продолжува со неконтролирано задолжување – државата оди кон должничко ропство, а буџетот е веќе пред дефицит од најмалку 500 милиони евра до крајот на годината. Нема одговор на прашањето дали ќе се позајмуваат средства или ќе се продаваат јавни добра, потенцираше пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулевски.
Тој посочи и дека, дополнително, со овој ребаланс Владата ги одби и амандманите за настраданите и повредените во пожарот во Кочани, кои ги предложи СДСМ.
– Наместо поддршка и солидарност, тие добија молк и рамнодушност. Овие луѓе денес имаат потреба само од човечки пристап и искрена поддршка, но за жал, ДПМНЕ не покажа ништо од ова. Овој ребаланс не е алатка за развој, тој е потврда на немоќ, безидејност и партиска злоупотреба на државните ресурси, рече Трајчулевски.