Македонија
Сe спасува Националниот парк Пелистер од голем пожар
Претпладнево избувна голем пожар кај битолското село Ротино кој се шири кон Националниот парк Пелистер. Според информациите од теренот некаде по 13 часот ситуацијата е критична, поради тоа што опожарената област веќе се прошири и граничи со националниот парк.
Претпладнево избувна голем пожар кај битолското село Ротино кој се шири кон Националниот парк Пелистер. Според информациите од теренот некаде по 13 часот ситуацијата е критична, поради тоа што опожарената област веќе се прошири и граничи со националниот парк. Гори борова шума, а постои голема опасност да бидат зафатени и моликовите стебла.За справување со огнената стихија.„Пожарот избувна околу 11 часот. Прво гореше трева, потоа нискостеблеста шума и постои опасност да биде зафатена и високата шума во националниот парк“, изјави Димче Јошевски од Дирекцијата за заштита и спасување во Битола, за ТВ Тера.Од Националниот парк Пелистер соопштија дека се загрижени заради ситуацијата. Нивните екипи се мобилизираат и апелираат до локалното население да се вклучи во гаснењето на пожарот.„Ситуацијата кон Ротино е опасна. Лошо е, пожарот може да ја зафати и моликата“, вели Стефанија Пројчевска од Националниот парк Пелистер.Од пладнево таму се и екипите на противпожарната единица на Битола. На терен излезе битолскиот градоначалник Владимир Талески кој уште еднаш повтори дека пожарите во Битола се намерно подметнувани.„Очигледно е дека пожарите се подметнати. Во близина на овој регион, претходно имаше два пожара. Сега доаѓаат и екипи од јавните претпријатија за да се справиме со оваа ситуација“, рече градоначалникот на Битола, Талески.Тој предупреди дека надлежните органите работат интензивно во откривање на сторителите.„Побарав максимална мобилност од полицијата, бидејќи ова навистина нема смисла. Сторителите мора да бидат откриени и казнети“, рече Талески.Попладнево голема вознемиреност се чувствува и кај локалното население.Битола по неколку години, од големиот пожар во 2007 година, ова лето повторно е зафатена од серија пожари. Се стравува дека големите последици од пред четири години може да се повторат, имајќи предвид дека во моментов горат околу 20-ина хектари непосредно до територијата на Националниот парк Пелистер./крај/твт/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Дали СДС стравува од сведочењето на Груби“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Очигледна е паниката во редовите на СДС по апсењето на екс вицепремиерот Артан Груби. Институциите си ја завршија работата и го доведоа Груби пред лицето на правдата. Криминалецот Груби беше во бегство година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ. Додека се злоупотребувале парите на граѓаните СДС знаеле, молчеле и не реагирале поради коалициски мир со ДУИ, за да не им се распадне коалицијата и да останат ден повеќе на власт.
Дали денес нервозата кај Филипче, Заев и СДС доаѓа од можноста вистината да излезе на виделина? Дали во СДС има паника поради евентуалните искази што би можеле да допрат и до поранешни високи функционери на СДС помеѓу кои и Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ?
Институциите мора да постапуваат без селективност и без политички притисоци. Секој кој го прекршил законот мора да одговара.
Времето на неказнивост заврши, Македонија мора да биде држава во која правдата е еднаква за сите. Владеење на правото и правдата мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Власта не се откажува од авионот, туку од зголемувањето на платите за работниците!“, велат од СДСМ
„Власта се нема откажано од авионот. Буџетот на СОЗР за оваа 2026 година беше зголемен за 124 милиони денари и тој е непроменет. Во Категорија 48 (Капитални расходи), под ставката за опрема, оваа сума соодветствува на годишна рата за купување авион со рок на отплата од повеќе години“, велат од СДСМ.
„Власта одбива да направи ребаланс на буџетот и парите да ги пренамени за плати. Тоа потврдува дека авионот не е избришан од Буџетот.
А во Собранието пратениците на ВМРО-ОКГ не сакаат ниту да разговараат за нашиот предлог за ребаланс на Буџетот, ниту за новиот Закон за минимална плата од 600 евра.
Мислат дека со дефокус ќе направат луѓето да заборават на авионот и тивко да работат во позадина за во иднина да земат нов. Луксузот на ВМРО-ОКГ не трпи, трпат само работниците.
Авионот сакаат да го земат на лизинг, на рати, па тоа да го претстават поинаку, само како изнајмување за потребите на Владата.
Никој не е наивен! Граѓаните ќе плаќаат, платите на работниците нема да ги зголемат. Ќе има пари за авион, мебел, луксуз, тендери, но за работниците нема да има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.

