Македонија
Нашинци 10 години бараат азил во САД
Брачен пар од Македонија повеќе од 10 години бара азил во Соединетите Американски држави, пишува Чикаго Њуз Кооператив (Chicago news cooperative).
Брачен пар од Македонија повеќе од 10 години бара азил во Соединетите Американски држави, пишува Чикаго Њуз Кооператив (Chicago news cooperative).
Случајот на Иванка Станојкова и нејзиниот сопруг Ѓорги Наумов почнува за време на конфликтот во 2001-ва година, кога Наумов одбива да биде регрутиран во полициската единица „Лавови“.
„Неколку месеци по закажаниот датум за пријавување, поточно на 2 јули 2002, тројца мажи, членови на полициската единица „лавови“ влегле во неговиот дом, ги собориле родителите со хемиски спреј, го удриле Наумов со оружје по главата и и’ го скинале горниот дел од пижамата на неговата бремена сопруга за да и ги помилуваат градите. Тие ги нарекле „предавници на Македонија“ и им ги зеле парите и семејниот накит“, пишува весникот.
По ова брачниот пар пребегнува во САД. Карлос Куевас, судија за имиграција од судот во Чикаго одлучува тие да бидат вратени во Македонија, по што таквата одлука е потврдена од страна на одбор за жалби. Но, случајот подоцна доаѓа во рацете на трочлена комисија во Седмиот окружен суд, кој ја отфрла претходната одлука, со став дека брачниот пар не смее да биде прогонет. Случајот се уште се води како отворен од страна на американското судство.
Весникот од Чикаго пишува дека ова е само еден од случаите што ги илустрира недоразбирањата меѓу судовите и имиграционите власти.
“Одлуката на судот во Чикаго ги оживува повремено актуелизираните тензии помеѓу државните апелациони судови и помалку престижните судии за имиграција кои работат под постојан притисок, како и Бордот за жалби по прашања од имиграцијата во Фолс Чрч, Вирџинија. И не повикува подлабоко да го разгледаме прашањето“, пишува Чикаго Њуз Кооператив.
„Седмиот окружен суд смета дека логиката на долниот суд е погрешна и се потсмева на неговата проценка за македонската историја и улогата на Лавовите, велејќи дека судијата „се потпрел на чудна логика која го изобличува мислењето на судиите за имиграција и членовите на Одборот за имиграциони жалби.“, пишува весникот.
„Границата помеѓу малтретирање и гонење,“ тој напишал, „е граница помеѓу ужас и варварство, или пак помеѓу тоа да посакуваш да живееш во друга држава и да бидеш дотолку очаен што мора да побегнеш без никаква гаранција како бегалец во било која друга земја.“, го пренесува весникот ставот на судијата Ричард А. Поснер, дел од Седмиот окружен суд.
Од македонското Министерство за надворешни работи за „Макфакс“ велат дека, согласно меѓународните договори и дипломатските правила, САД не се обврзани да ја известат Република Македонија се додека случајот се води како отворен, ниту пак нашите власти имаат механизам да бараат информации за истиот.
„Според правилата, ниту една земја не известува друга земја доколку нејзини државјани побараат азил се додека трае постапката за негово одобрување“, велат од МНР.
Од таму објаснуваат дека воениот конфликт во 2001-ва година бил искористен од многумина да побараат азил во повеќе земји од светот. Дел од нив биле одобрени, а останатиот дел одбиени. /крај/chicagonewscooperative/мнр/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

