Македонија
Пратениците не прифатија да се расправа за „Космос“
Собранието го одби предлогот на пратеничката група на ПЕИ на пленарна седница да се расправа за случајот со станбено-деловниот комплекс „Космос“.
Собранието го одби предлогот на пратеничката група на ПЕИ на пленарна седница да се расправа за случајот со станбено-деловниот комплекс „Космос“. Предлогот пред пратениците лично го образложи лидерот на партијата, Фијат Цаноски, кој е и инвеститор во комплексот. Тој обвини дека со рушењето на објектот се прекршени низа закони и Уставот, а смета дека за целиот случај надлежните институции пласирале лажни информации во јавноста. Покажувајќи фотографија како комплексот изгледа во моментов, Цаноски порача дека преку неговиот случај се испраќа негативна порака. “Дали некој мисли дека оваа слика ќе донесе странски инвестиции? Ова слика само треба да заплашува. Оваа слика е страшна, не само за мене, туку за целата македонска јавност“, рече Цаноски. Предлогот на ПЕИ беше поддржан од 37 пратеници, додека против се изјаснија 53 од нив. По ова, од пратеничката група побараа еден час пауза, за како што рекоа, нивна понатамошна координација по одбивањето на предлогот Собранието да расправа за „Космос“. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сите што ќе одат на средба со Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ
Сите што ќе одат на лидерската средба со Христијан Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ.
„Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во: легитимирање на криминалот и корупцијата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, анти ЕУ кампањата на власта за изолација на земјата, планот за предвремени избори што ги имаат веќе договорено без основни услови да бидат фер и демократски и реализација на планот „мигранти за пари“ после тоа“, смета СДСМ.
Сите чекори кои власта досега ги презема, додаваат од партијата, веќе ги најавивме: изолација, избори, мигранти за пари.
„Секој што ќе отиде на средбата со Мицкоски не може да каже после тоа дека не бил соучесник. СДСМ останува со граѓаните, на вистинската страна. СДСМ останува на страната на Македонија, на страната за интеграција, на фронтот за правда и против корупцијата и криминалот“, велат од опозициската партија.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.

