Македонија
Вајс: Не ни треба нов Кипар
На Европа не и е потребен втор Кипар и поради тоа Македонија треба да го надмине проблемот за името со Грција пред нејзиниот влез во унијата, изјави вечерва во Скопје пратеникот во германскиот Бундестаг, Петер Вајс.
На Европа не и е потребен втор Кипар и поради тоа Македонија треба да го надмине проблемот за името со Грција пред нејзиниот влез во унијата, изјави вечерва во Скопје пратеникот во германскиот Бундестаг, Петер Вајс.Тој смета дека Македонија, а и земјите од регионот треба да ги надминат отворените прашања, бидејќи, како што рече, Европската Унија не е решавач на проблеми.„Европејците од својата политика за проширување имаат едно негативно искуство и затоа сите мислиме дека не ни е потребен втор Кипар. Проблемите во една држава или билатералните проблеми меѓу две држави мора да се решат пред влезот во Европската Унија. Унијата не е решавач на проблеми. Штом некоја држава ќе влезе во Европската Унија, таа веќе има целосно право на глас. Не можеме потоа да кажеме: ‘нели требаше да го решиш проблемот. Не го реши? Ајде да си одиш од Европската Унија’. Значи јас не можам да владата на Кипар да и кажам: ‘ама вие не го решивте проблемот како што требаше и сега одете си’. Знам дека во овој регион очекувате влез во унијата, па потоа да се решаваат проблемите. Не, проблемите мора да се решат“, рече Вајс. Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, пак од своја страна, посочи дека Македонија е подготвена да се соочи со предизвиците што ги носи членството во Европската Унија, посочувајќи дека земјата сака да биде дел од оваа успешна приказна.„Ние сме земја која сака да ги промовира своите успеси. Ние сме земја која не ги заборава предизвиците кои Европа успеала да ги надмине и земја која сака да биде дел од таа успешна приказна. Верувам дека во иднина ќе успееме да ја пренесеме пораката дека тоа треба да не мотивира да бидеме посветени константно и да знаеме да вложуваме енергија и во моменти на криза и во моменти на успех, енергија која ќе биде дополнителен капитал за Европа и промоција за идејата која не сакала да се градат ѕидови во Европа, туку која сакала да ги руши ѕидовите, да ги руши границите и да им овозможи на сите граѓани исти права, исти можности и слобода на движење“, рече Попоски.Вајс и Попоски вечерва учествуваа на конференцијата „50 години од подигањето на Берлинскиот ѕид – цензура од огромно значење за светската политика“, организирана од фондацијата „Конрад Аденауер“. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Стипендиите во основните училишта во Центар зголемени за 1.000 и 1.500 денари
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави серија мерки за унапредување на образованието и поддршка на учениците во училиштата во локалната самоуправа.
„Донесовме одлука за зголемување на стипендиите за талентираните ученици во областа на науката, техниката и посебните вештини, како и за спортските стипендии, за 1.000 денари. Водејќи се од принципот на еднакви можности, стипендиите за учениците кои доаѓаат од семејства во социјален ризик ги зголемуваме за 1.500 денари“, истакна Герасимовски.
Во рамки на поддршката за учениците, повозрасните ученици ќе имаат можност за бесплатна екскурзија преку проектот „Сакај ја Македонија“.
Герасимовски, исто така, најави дека од септември, со почетокот на новата учебна година, сите ученици кои посетуваат целодневна настава ќе добиваат бесплатен, здрав и квалитетен оброк.
Општина Центар за оваа година предвиде средства и за почеток на капитални инвестиции за изградба и реконструкција на два затворени базени во рамки на основните училишта „11 Октомври“ и „Димитар Миладинов“.
„Со овие мерки Општина Центар испраќа јасна порака дека вложувањата во образованието, талентот и поддршката во секое дете, останува еден од највисоките приоритети“, вели Герасимовски.
Македонија
Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата
За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист за државата.
„Секој правен и уставен експеримент предизвикува повеќе штета од корист за државата.
Времето и искуството покажаа дека импровизациите во системот не носат квалитет, туку дисфукционалност. Така беше со идејата за техничката Влада, така беше и со Специјалното јавно обвинителство(СЈО).
Треба да говориме отворено и без лажни наративи“, пишува Вељаноски на социјалните мрежи.
Според него, овие два механизма не беа воведени за да донесат повеќе правда или демократија.
„Тие беа измислени и наметнати со една единствена политичка цел-да се инсталира СДСМ на власт и да се реализира идејата за промена на уставното име на Република Македонија. Ништо друго. Граѓаните не треба повеќе да бидат предмет на манипулација за наводните “благодети” на овие ад-хок решенија.
И СЈО и техничката Влада беа плод на политички и правни манипулации, туѓи на нормалниот парламентарен живот и правниот поредок. СЈО веќе заврши на буништето на историјата како неуспешен проект. Време е и техничката Влада итно да и се придружи.
На Македонија и е потребен стабилен систем а не вечни изнудени експерименти“.
Македонија
Сите што ќе одат на средба со Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ
Сите што ќе одат на лидерската средба со Христијан Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ.
„Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во: легитимирање на криминалот и корупцијата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, анти ЕУ кампањата на власта за изолација на земјата, планот за предвремени избори што ги имаат веќе договорено без основни услови да бидат фер и демократски и реализација на планот „мигранти за пари“ после тоа“, смета СДСМ.
Сите чекори кои власта досега ги презема, додаваат од партијата, веќе ги најавивме: изолација, избори, мигранти за пари.
„Секој што ќе отиде на средбата со Мицкоски не може да каже после тоа дека не бил соучесник. СДСМ останува со граѓаните, на вистинската страна. СДСМ останува на страната на Македонија, на страната за интеграција, на фронтот за правда и против корупцијата и криминалот“, велат од опозициската партија.

