Македонија
Состојба на патиштата за среда
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива нормално без забрани по суви и чисти коловози.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива нормално без забрани по суви и чисти коловози. На возачите им се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особена внимателност низ клисурите и планинските превои, поради можната појава на поситни одрони. Од 12.08.2011 година започна реконструкција на автопатот Е – 75 од Катланово до Велес. На повеќе места се изведуваат работи на пат, асфалтирање и други поправки на коловозот, за што ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Препорака за возачите кои ќе го користат овој патен правец да бидат крајно внимателни, да ја намалат брзината на возење, бидејќи на повеќе места ги очекува движење на работници и градежни машини.Интензитетот на сообраќај во утринските часови е умерен на патните правци надвор од градските средини, а зголемен интензитет се бележи кон туристичките места, како и на автопатот Е-75, од ГП Табановце до ГП Богородица и обратно.На граничните премини нема подолги чекања за влез и за излез од државата. /крај/амсм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.
Македонија
Сали во Брисел: Билатералните прашања не смеат да го кочат европскиот пат на земјата
Во рамките на официјалната посета на Брисел, Првиот заменик-претседател и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со европратеникот Матеј Тонин (EPP) во Европскиот парламент.
За време на средбата се дискутираше за напредокот на Северна Македонија во процесот на евроинтеграции и за спроведувањето на клучните реформи, вклучувајќи го владеењето на правото, јавната администрација и правата на заедниците. Истакната е важноста билатералните прашања да не го попречуваат напредокот на земјата кон ЕУ.
Исто така, беше оценет постигнатиот напредок во Планот за раст и дигитализацијата на услугите, вклучително и проектот WiFi4WB и приклучувањето во SEPA, како и соработката со Претседателството на Кипар и европските партнери за решавање на предизвиците со транспортерите по воведувањето на Системот Entry/Exit.
Првиот заменик-претседател Сали повторно ја потврди посветеноста на Северна Македонија кон европскиот пат и подготвеноста за натамошно унапредување на секоја реформа со европските партнери.
Македонија
Во наредните денови дожд, на планините снег – температурите растат
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од -4 до 3 степени, додека максималните ќе достигнат од 6 до 11 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1 степен, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во наредните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини и од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, а во среда повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

