Македонија
Владата формира Комитет за туризам
Со цел да се зајакне фокусот и поддршката на Владата за развој на туризмот во Република Македонија, Владата формираше Комитет за туризам, кој денеска ја одржа конститутивната седница.
Со цел да се зајакне фокусот и поддршката на Владата за развој на туризмот во Република Македонија, Владата формираше Комитет за туризам, кој денеска ја одржа конститутивната седница. Комитетот за туризам ќе ги дава потребните насоки и ќе ги разгледува политиките, мерките и проектите кои имаат за цел унапредување на туристичката инфраструктура и промоција на Република Македонија како атрактивна туристичка дестинација во странство. За таа цел, на една од следните седници на Владата ќе биде доставен акционен план со чекорите кои што ќе бидат преземани од надлежните институции во насока на реализација на Стратегијата за развој на туризмот.Со Комитетот за туризам претседава премиерот на Република Македонија, Никола Груевски. Потпретседатели на Комитетот се вице-премиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски и вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески. Во Комитетот членуваат министерот за економија, министерот за транспорт и врски, министерот за култура, заменик на министерот за економија, државниот секретар во Министерството за економија, раководителот на сектор за туризам во Министерството за економија, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, како и претставник на Министерството за надворешни работи надлежен за економија и туризам. Комитетот е планирано да заседава еднаш месечно, а на неговите седници ќе се повикуваат и претставници од стопанските и туристичките комори, туристички работници, професори и други експерти од областа на туризмот, кои ќе имаат можност да ги даваат своите предлози, сугестии и иницијативи од оваа област./крај/со/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Мали остатоци од снег има на планинскиот превој од (село Лисец – Попова Шапка) кои се задржани на коловозот, извести АМСМ.
Врнежи од снег со слаб интензитет има на патниот правец (Крива Паланка – г.п.Деве Баир) кој не се задржува на коловозот и намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 30 метри, Ѓавато до 100 метри и планинскиот превој Крушево до 40 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини, ќе преминуваат во врнежи од снег. Повремено наместа врнежите ќе бидат пообилни. До сабота ќе дува југоисточен и југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе дува засилен северен ветер.

