Македонија
Трајчевски избран за член на СРД
По два дена жолчна расправа, Собранието попладнево го избра Зоран Трајчевски за член на Советот за радио дифузија (СРД), кој беше предложен од страна на претседателот Ѓорге Иванов.
По два дена жолчна расправа, Собранието попладнево го избра Зоран Трајчевски за член на Советот за радио дифузија (СРД), кој беше предложен од страна на претседателот Ѓорге Иванов.Согласно законските измени, бројот на членови во СРД се зголемува од девет на 15, а шестте кандидатите за нови членови беа предложени од вкупно четири институции. За нов членов на СРД од страна на претседателот Иванов, покрај Трајчевски, е предложен и Селвер Ајдини. Директорот на државниот испитен центар, Методија Јанчески е предложен од страна на Државната Комисија за спречување на корупција, Методи Стоименовски од ЕЛЕМ доаѓа како предлог на Комисијата за заштита на конкуренцијата, додека ЗЕЛС за нови членови на СРД ги предлага Лазо Петрушески од Електротехничкиот факултет и новинарот Замир Мехмети. За опозицијата, со предлогот на Претседателот Трајчевски да биде избран за член на советот, преставува девалвирање на институцијата што ја преставува, а во предложувањето на шестте кандидати препознаваат партизација на советот.Изборот на Трајчевски се оддолжи поради реакциите на пратениците од опозицијата, за кои неговата кандидатура преставува девалвирање на институцијата што ја преставува, а во предложувањето на шестте кандидати препознаваат партизација на советот Пратениците од власта сметаат дека Трајчевски е легитимен кандидат за член на советот. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

