Македонија
Делегација на руската полиција во посета на Македонија

Делегација на Федералната служба за контрола и движење на наркотици од Руската Федерација престојува во дводневна работна посета на Македонија.
Делегација на Федералната служба за контрола и движење на наркотици од Руската Федерација престојува во дводневна работна посета на Македонија.Делегацијата ја предводи директор на Федералната служба, Виктор Иванов, кој денеска треба да оствари тет-а-тет средба со Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.Предвидено е по завршување на средбата, да биде потпишана Спогодба меѓу руската служба за контрола и движење на наркотици и македонското МВР за соработка во борба против недозволената трговија со наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.По завршувањето на официјалните средби, руската делегација ќе замине за Охрид каде ќе биде примена од македонскиот Претседателот Ѓорѓе Иванов. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.